за

Илон Маск барал Херберт Дис да работи за Tesla пред да стане VW-шеф

Херберт Дис, пред да почне да работи во BMW, а потоа да стане и прв човек на концернот Volkswagen, имал покана од Илон Маск да шефува со Tesla.

volkswagen херберт дис

Пред нешто повеќе од половина година, Хеберт Дис, во својство на извршен директор на целиот концерн Volkswagen, лично му го претстави електричниот автомобил ID.3 од матичната марка на концернот, на Илон Маск, шеф на Tesla. Во 2014 година, американскиот милијардер барал Дис да работи за Tesla.

Постои взаемна почит меѓу двајцата врвни менаџери во автомобилската бранша, Херберт Дис и Илон Маск, едниот шеф на Volkswagen Group, другиот на Tesla. Тоа има и историја. Во 2014 година, американскиот милијардер барал Херберт Дис да го напушти своето место на директор за развој во BMW и да преземе функција на извршен директор на Tesla, местото што Илон Маск денес лично го ужива во компанијата основана од него. Информацијата ја објави „Business Insider“, повикувајќи се од луѓе во кругот на Херберт Дис. На германскиот менаџер тогаш му бил поднесен и работен договор за потпишување.

Според објавата, Маск сакал својата позиција на извршен директор да му ја препушти на Дис, за тој повеќе да се посвети на улогата на шеф на управниот одбор. Основачот на Tesla во тоа време ги обавуваше двете функции во компанијата. Но, Дис одбил и место тоа во 2015 година почна да работи за Volkswagen. Оттогаш германскиот концерн вложува многу, но и напредува многу во електромобилноста.

Херберт Дис се залагал за електромобилноста уште во времето додека работел за BMW

Дис бил еден од најголемите заговорници за електромобилноста уште додека шефувал со развојот во BMW, во тогаш новото и непознато подрачје за браншата. Како дел од тој ангажман произлегува и Project i, со којшто BMW во 2013 година планираше голема пресвртница во електричниот погон. Дис уште во 2008 година, тогаш како директор за набавки во BMW, изјавил: „Електричниот погон е клучна компетентност, што не смееме да ја испуштиме.“ Кога пет години подоцна, Баварците ги претставија двата i-модели, Херберт Дис, тогаш во функција на шеф за развој, коментираше: „Моделите i3 и i8 се пробивот на BMW во новата ера“.

Очигледно дека тоа го привлекло вниманието на Илон Маск, во неговите пионерски години во електромобилноста. Маск тогаш се смееше за малечкиот BMW i3: „Ме радува што BMW понуди електричен автомобил на пазарот“, изјави тој по стартот на i3, откако го објави деловниот биланс за претходниот квартал. „Тоа е кул. Кај i3 има уште простор за подобрување и се надевам дека тоа ќе се постигне“.

Дис во тоа време веќе имал големи планови да започне со масовен развој на електрични модели. Но, тие планови не минале најдобро кај управниот одбор во Минхен. Веќе готовиот проект за BMW i5 исчезнал по заминувањето на Дис од компанијата.

Новиот BMW i5 што треба да стартува во 2023/24 година, нема ништо заедничко со тогашниот проект на Дис. Место лимузина врз основа на серијата 5 на BMW, шефот за развој тогаш планиран засебен модел со електричен погон, со голем удел на карбон во каросеријата. На одборот му биле прикажани неколку дизајни, но тој ги одбивал. Плановите на Дис за електромобилноста сепак се реализираа во Volkswagen. Волфсбург моментно прави џиновски чекори во поглед на електромобилноста, не само во развојот на модели, туку и во продажбата.

>>> Volkswagen ID.3 почнува нова автомобилска ера во Македонија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Sorento ѝ ја донесе 47-та победа за дизајн на Kia

Тест: Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 DCT Titanium