за

Mercedes EQE е „123-ка“ на струја

Mercedes почнува со продажба на EQE, лимузина со чисто електричен погон, што гледано историски не е друго освен наследник на легендарната 123-ка, но со голема батерија во подот.

Новите имиња во понудата од модели на Merecedes се EQE 350+ и Mercedes‑AMG EQE 43 4MATIC. Тоа се првите две моделски изведби во семејството што ќе расте. На струја, секако.

Во Mercedes-Benz многу нешта напредуваа во насока на електромобилноста, па така и моќната банка на Mercedes‑Benz се приспособи на ерата на возењето на струја. Покрај вообичаените услови за финансирање и лизинг, банката во Германија сега нуди и специјално осигурување за електричен автомобил, со заштита од сите опасности, вклучувајќи и осигурување на батеријата, на кабелот за полнење, и на електричниот полнач.

Очигледно дека електромобилноста повеќе не се третира како иднина во марката со сребрената ѕвезда, туку како чиста реалност. Новина во осигурувањето, што исто така одговара совршено во ерата на електромобилноста, претставува таканареченото телематско осугурување. Во тој случај, висината на осигурувањето може да се намали до 30 проценти, доколку возачката или возачот се однесуваат внимателно и не забрзуваат пресилно, не сопираат нагло, не возат пребрзо и општо не ја загрозуваат безбедноста во возењето.

Што се однесува до EQE, што Mercedes ја води како спортска бизнис лимузина, на располагање стојат сите функции како во знаменосецот EQE, единствено е разлика тоа што каросеријата е за нијанса покомпактна. Двете верзии на стартот се EQE 350+ со 215 kW (292 КС) и EQE 43 4MATIC со 350 kW (476 КС), како влез во семејството електрични модели со врвни перформанси на Mercedes‑AMG.

New item by Automedia MK / Google Photos

EQE 350+ стандардно е опремен со внатрешност Electric Art. За посебното футуристичко доживување во кабината се грижи амбиенталното осветлување, вклучувајќи го украсниот елемент со заднинско осветлување и мустра со знакот на Mercedes‑Benz. Опција е додавање спортски нагласок, со пакетите за надворешност и внатрешност на AMG.

https://twitter.com/MercedesAMG/status/1496409696131072006?s=20&t=ouBIuXmWO-mnaJIJG8n1ow

Во електричниот E-Class се пренесуваат гените на EQS. Управувана задна оска и тука е опција, со можност да се избере агол од 4,5 или 10 степени. Фамозните дигитални светла стојат на листата на дополнителна опрема. Конфигурирањето е поедноставено со четирите подготвени пакети на опрема Advanced, Advanced Plus, Premium и Premium Plus.

Најмладиот претставник на иднината на возењето со врвни перформанси: Mercedes‑AMG EQE 43 4MATIC

Во сите подрачја во коишто AMG става посебен печат во понудата од модели со стандарден погон, спортската марка на Mercedes става печат и во EQE 43 4Matic. Тоа важи за погонот, подвозјето, сопирачките, звукот, надворешниот и внатрешниот дизајн и секако опремата. Управувана задна оска е стандард во спортската верзија на EQE, со агол до 3,6 степени. Исто и дигиталните светла се вклучени во стандардната опрема. При отклучувањето на возилото, светлата изведуваат соодветен спектакл.

New item by Automedia MK / Google Photos

Возните својства се менуваат на копче. Програмите за возење на AMG DYNAMIC SELECT покриваат широк спектар, од возење со врвен комфор, до нагласено спортско возење. Притоа се менуваат работата на погонот, на подвозјето, на контролните системи во подвозјето, а се менуваат и реакцијата на воланот, како и звукот. За максимална моќност се префрлува во програмата Modus Sport+, или многу поедноставно, со притискање на падалата за „гас“ до под.

https://twitter.com/MercedesAMG/status/1496047146587590658?s=20&t=ouBIuXmWO-mnaJIJG8n1ow

Црвени сопирачки клешти не се туѓи за EQE, исто како и карбонски украсни елементи за каросеријата. Може да се нарачаат и керамички сопирачки, тркала со оптимирана аеродинамичност, со печат на AMG, со пречник од 20 или 21 инчи.

Тоа што веројатно ќе го избира најголемиот дел од купувачите ќе биде иновативниот и заоблен MBUX Hyperscreen, со три големи дисплеи по целата должина на арматурната табла, под заедничко стакло.

Цените во Германија: 70.626,50 евра за EQE 350+ и 103.827,50 евра за Mercedes‑AMG EQE 43 4MATIC.

Mercedes E-Class веќе вози на струја: EQE по пример на EQS

Сите модели на Mercedes-Benz што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=mercedes-benz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Volkswagen со 10 милиони плата за минатата година

Врвно одликување RedDot за дизајнот на Peugeot 308