за

Врвно одликување RedDot за дизајнот на Peugeot 308

Француската марка продолжува со темпото за Peugeot 308 најмалку еднаш неделно да освои некоја награда ширум сетот. Овојпат е дизајнот, RedDot.

Новиот Peugeot 308 го доби тоа што го заслужува. Меѓународното жири го одликуваше впечатливиот дизајн и квалитетната изработка на францускиот компакт. Тоа е прв модел со новиот грб на Peugeot, што освојува награда за дизајн Red Dot. За марката Peugeot, тоа е седми пат.

Највисокото одликување што еден автомобил може да го добие за својот изглед, Red Dot Award, за 2022 година му припаѓа на новиот Peugeot 308, прв модел со новиот грб на марката, што победува во категоријата на автомобили и мотоцикли. Педесетте членови на жирито од интернационален состав беа одушевени од привлечноста, различниот стил, но ги нагласија и квалитетот на изработката и иновативниот i-Cockpit.

Овие експерти за дизајн секоја година избираат „Design Excellence“ во производи во 51 категории. Титулата „Red Dot“ им е важна на купувачите, затоа што научија во неа да препознаваат печат за квалитет, интелигентен дизајн и одлична ергономија. Peugeot 308 е седми модел на марката што ја освојува престижната награда. Светски важната манифестација првпат се одржа во Германија во 1955 година. Оттогаш, Red Dot e синоним за добар дизајн.

Линда Џексон, извршна директорка на марката Peugeot: „Горди сме за освојвуањето на ценетата анграда за дизајн Red Dot за Новиот PEUGEOT 308. Новото лого ги претставува грижата и страста што беа вклучени во неговото создавање: Единстената привлечност, изработката, технолошката возвишеност, прецизноста и иновацијата се одлика на неговиот дизајн. Оваа награда, најпрестижната во поглед на дизајн на производ, покаќува дека направивме вистински избор при дизајнирањето на нашиот нов автомобил.“

Peugeot и наградите во рамките на Red Dot Design Awards

Ова е седми пат модел на Peugeot да освои награда за дизајн Red Dot, по 208 и 2008 во 2020, по 3008 во 2017 година, по TRAVELLER во 2016 година, па првата генерација на 308 SW во 2014 година и секако, купето RCZ во 2010 година.

За Peugeot 308, ова е единаесетта интернационална награда, од лансирањето на моделот на крајот на минатата година.

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQE е „123-ка“ на струја

Goodyear главен спонзор на трките со камиони