Во пристаништето во Бристол пристигна досега најголемиот бродски контингент од возила од марката MG, произведени во Кина. Во Портбури беа истоварени 2.031 возила од марката што носи вредно име во англиската автомобилска историја.
Две третини од пристигнатите возила се од моделот ZS ЕV, од компактното комби MG 5 EV и од моделот HS со приклучен хибриден погон. Британскиот огранок на MG очекува веќе од следната година во земјата да продава повеќе електрични модели, отколку модели со бензински мотор. Тоа ќе биде прв таков случај во островската земја.
MG, кусо од Morris Garages, продава одлично на „домашниот“ пазар и веќе во подолг контиунитет е марка со најголем раст во продажбата. Во септември беа регистрирани 3.668 нови автомобили од марката. Тоа се 169% повеќе отколку во истиот месец лани и воедно е нов рекорд. Во првите девет месеци од годинава, продажбата пораснала за 50% во споредба со лани, со вкупно 14.228 возила.
Уделот на англискиот пазар изнесува над еден процент. Продажната и сервисна мрежа се состои од 112 дилери и сервисни работилници. Возилата засега не се достапни во останатите европски држави. Компактниот кросовер со елеткричен погон и главен носител на продажбата е MG ZS EV, со редовна цена од 25.495 фунти (околу 28.000 евра), вклучувајќи ја субвенцијата во висина од 3.000 фунти.
https://youtu.be/Q4oWH5t_hxA
















