за

Opel Astra вози со Златен Волан

Astra е дваесеттиот модел на Opel што го понесе насловот на „Златен волан“, едно од најценетите одликувања на автомобилската сцена.

Заокружени бројки за Opel во 160-та година од основањето. Opel Corsa одбележи 40 години, марката го произведе својот 75-милионити автомобил, фабриката во Ајзенах постои 30 години, а сега и новата Astra ѝ ја носи 20-та титула Златен волан на германската марка.

Новата Opel Astra ја понесе титулата на Златен волан 2022, во категоријата на автомобили со цена до 50.000 евра. Привлечниот изглед, врвните технологии и првпат понудениот приклучен хибриден погон, ѝ донесоа на Astra гласови од читателите на магазинот AUTO BILD и дневникот BILD am SONNTAG, исто како и од стручното жири.

Победата на новата Astra ја заокружува долгата серија триумфи на Opel. Германската марка со долга традиција, првпат постигна „трипл“ во прогласувањето за Златен волан 2022: Третпат во низа, Авто-оскарот оди во Риселсхајм. Во 2020 година, ценатата титула ја освои електричната Opel Cosda-e, а лани тоа беше случај со Opel Mokka-e, исто така со електричен погон. Со победата на Astra годинава, тоа е веќе 20-ти модел на Opel што ја има понесено титулата Златен волан.

Со новата Opel Astra повторно постигнавме висинск погодок“, изјави директорот Флориан Хуетл на свеченото доделување на наградите Златен волан за 2022 година, што се одржуваше во седиштето на издавачката куќа Аксел Шпрингер во Берлин. „Нашиот бестселер во компакт класата не само што убедува, туку и ги одушевува клиентите и експертите во подеднаква мера – посебно во електрифицираната изведба, како приклучен хибрид. Посебно нé радува тоа што истото го препознаваат читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, жирито и редакцијата.“

Новата Astra ја протресе компакт класата, затоа што псоедува бројни својства што се потребни во оваа класа за да се постигне успех. Голем дисплеј, практичен багажник и избор на повеќе видови погон – сето тоа на истата платформа. А, кој нема да биде убеден од тоа, мора да ги проба ергономските седишта“, така Том Дрекслер, главен уредник и директор на групацијата AUTO BILD, ги образложува победата на Astra во рамките на Златен волан.

Најновата генерација на Astra е развиена според мотото „новата Astra зборува за себе“. Динамиката е нагласена повеќе од кога било досега, дизајнот е јасен и впечатлив, новата маска Opel Vizor ја спојува традицијата со модерното, а во внатрешноста пречекува целосно дигитален Pure Panel Cockpit.

Меѓу најнапредните технологии спаѓа најновата верзија на светлата Intelli-Lux LED Pixel Lichts, со вкупно 168 сведлечки диоди. Во повисоките нивоа стандардно се вградуваат седиштата со врвна ергономја и печат AGR од германските ортопеди. Во поглед на погонот, најмногу се издвојува приклучниот хибрид со 180 КС и 360 њутнметри. Покрај тоа што спринтува за 7,6 секунди до темпо сто, хибридната Astra може да извози педесетина километри чисто на струја.

Титула на Златен волан, година Модел
1978 Opel Senator A
1979 Opel Kadett D
1981 Opel Ascona C
1982 Opel Corsa A
1984 Opel Kadett E
1987 Opel Senator B
1990 Opel Calibra
1994 Opel Omega B
1995 Opel Vectra B
1999 Opel Zafira A
2002 Opel Vectra C
2005 Opel Zafira B
2009 Opel Astra J
2010 Opel Meriva B
2012 Opel Zafira Tourer
2015 Opel Astra K
2017 Opel Ampera-e
2020 Opel Corsa-e
2021 Opel Mokka-e
2022 Opel Astra L

Водич за Opel Astra: Сите цени, мотори, нивоа на опрема, опции

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој Mercedes-Benz ги превезуваше фудбалерите на светското првенство во 1974

Бизнисот со полначи за електрични автомобили ќе вреди десетици милијарди