Toyota првпат со продукција од преку 10 милиони возила

Корпорацијата Toyota ја заврши деловната година 2013/2014 со рекордна продажба на 10,13 милиони возила. Тоа претставува зголемување од 4,5 проценти во споредба со ланската деловна година.

За прв пат во својста историја Toyota продаде повеќе од 10 милиони возила во рок од една година. Со новиот рекорд, Toyota воедно ги исполни поставените цели за деловната година 2013/2014. Покрај Toyota и Lexus, кои во последните 12 месеци забележаа зголемување во продажбата од 4,2 проценти и вкупно 9,05 милиони возила, пораст има и марката Daihatsu (+7,1%), чиишто 913.000 продадени возила, исто така претставуваат рекорд. Марката товарни возила Hino продаде 166.000 возила, што е зголемување од 7,5 проценти, и секако, нов продажен рекорд.

Во првиот квартал од оваа година Toyota продаде 2,58 милиони возила глобално. Во споредба со истиот период лани, продажбата и натаму расте, со актуелна стапка од 6,3 проценти. Надминувањето на десетмилионската продажба се очекува и за оваа деловна година. Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino до следниот март се предвидува да се продадат во 10,32 милиони примероци, односно поколу четири проценти повеќе отколку во претходната година.

Претходна објаваPorsche планира нов основен модел по пример на 718
Следна објаваКаролина Куркова е ново заштитно лице на BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here