за

Каролина Куркова е ново заштитно лице на BMW

Како да се привлече вниманието на купувачите за модел што освен знакот нема ништо заедничко со BMW? Со ангажирање на врвен светски модел. Каролина Куркова е инспирација за купување на Active Tourer од серијата 2.

Групацијата BMW и топмоделката Каролина Куркова денес ја објавија нивната соработка во BMW Welt, во светскиот центар на марката од Минхен. Каролина е ново заштитно лице на BMW и претставник на новиот Active Tourer од серијата 2, чија што продажба е најавено да стартува во последниот квартал од годинава. Убавицата веднаш ја исполни и првата задача, ги поздрави 15-милионитиот посетител и неговото семејство во BMW Welt.

Новата амбасадорка на баварската марка му соопшти на јубилејниот посетител дека наесен ќе добие можност четири недели да го вози BMW 2 Active Tourer, кој воедно е и совршен автомобил за младите семејства. „BMW 2 Active Tourer за мене лично е совршениот придружник, затоа што ги соединува моите два света: Од една страна стилот, кој е важен за мене како модел, а од друга страна флексибилноста и безбедноста што ги барам во мојот автомобил како млада мајка“, изјави Каролина Куркова.

Традиционалистите на BMW не се одушевени од концептот на возилото. Станува збор за прв ван на BMW, што можеби и не е толку сериозен престап за конзервативните љубители на марката, како што се преоѓањето на преден погон и моторите со три цилиндри. Наесен ќе се знае точно, откако ќе стартува продажбата. Сосема е веројатно дека Active Tourer нема да биде толку лош автомобил. Слични реакции имаше и при премиерата на првиот X5. Денес BMW има спортски теренец речиси во сите серии.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota првпат со продукција од преку 10 милиони возила

Citroen C-XR само за Кинезите