за ,

Toyota најави драстично поевтинување на погонот на водород

До 2015 година, кога ќе ја стартува продажбата на својот прв модел со погон на водород, Toyota очекува производството на овој погон да го намали на 50.000 долари, а потоа да го преполови до 2020 година.

Поевтинувањето на производството на погонот на водород ќе овозможи Toyota да го продава автомобилот по цена меѓу 50.000 и 100.000 долари. До 2020 година, моделот со најсовршениот погон со кој располага авто индустријата ќе чини колку хибриден автомобил со можност за надворешно полнење на батериите, односно ќе биде многу поевтин од електричните автомобили, затоа што меѓу другото скапите батерии се непотребни.

Во 2007 година Toyota произведе серија од 100 примероци од Highlander со погон на водород, заради демо возења. Едно возило тогаш чинеше околу еден милион долари.

Toyota ќе ја прикаже лимузината со погон на водород на салонот во Токио на крајот на ноември. Од 2015 година се очекува овој модел да постигне продажба меѓу 5.000 и 10.000 примероци годишно. Со овој продукциски обем, цената на производство на погонот на водород чини само 5 проценти од неговата цена пред една деценија. Друг начин на намалување на цената е тоа што за иновативниот модел може да се користат бројни компоненти од хибридниот Prius, како на пример електромоторот.

Со полн резервоар со водород, идниот модел ќе минува до 500 километри. Погонот на водород е сличен со електричниот погон, со главна разлика во тоа што место да ја акумулира енергијата во батерии, тој ја произведува сам со помош на хемиска реакција на водородот, а низ издувната цевка излегува само чиста вода.

Проблем останува неразвиената инфраструктура. Момемтно повеќе држави најавуваат стартување со изградба на поширока мрежа од станици за полнење водород. Германија, на пример, во следните години ќе изгради мрежа од околу 100 вакви станици. Минатиот месец Калифорнија потврди дека до 2024 година ќе изгради исто така околу 100 пумпи за точење водород.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Најиздржливите автомобили според супертестот на AUTO BILD

Hyundai планира спортска подмарка