Полначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи

Полначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи
Полначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи

Сопствениците на Tesla Model S и Model X во иднина ќе можат повторно да ги полнат батериите бесплатно на суперполначите на компанијата. Оваа можност сепак ќе им биде достапна само на новите сопственици на двата електрични модели.

Продажбата на Tesla во последните месеци отпаѓа во најголем дел на Model 3, додека се намалува уделот на поскапите моделски серии Model S и Model X. За дополнително поттикнување на нивната продажба, Tesla повторно им нуди бесплатно полнење на батеријата на новите сопственици на овие два модели.

Оваа погодност и порано им беше достапна на возачите на калифорниската електро марка, но како што напредуваше продажбата, така и Tesla постепено ја скусуваше оваа можност, бидејќи целиот товар паѓаше директно на производителот.

Tesla продаде 95.200 возила во вториот квартал од годинава, што е повеќе отколку во било кој квартал досега. Најголемиот дел, од 77.550 примероци, отпаѓа на двојно подостапниот Model 3. Тоа доведе и до намалување на прометот на компанијата. Во минатиот месец, Tesla ги укина основните изведби од Model S и X, така што купувачите кои се заинтересирани за овие два модели сега имаат повисока појдовна цена.

Претходна објаваCezeta се враќа како електричен скутер
Следна објаваFord Transit Big Nugget за патување и спиење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here