Cezeta се враќа како електричен скутер

cezeta 506 електричен скутер

Скутерот што марката Cezeta го произведуваше во тогашна Чехословачка се препознаваше по големиот преден калник кој беше интегриран во рамката и беше мошне практичен при носење товар. Неговата современа изведба со електричен погон е хит за изнајмување преку викенд во Прага.

Прочуениот скутер од периодот меѓу 1957 и 1964 година сега се враќа на сцената, благодарение на еден Британец што во почетокот на 1990-те години се доселил во Чешка. И како што тоа е толку нормално денес, скутерот поседува електричен погон.

Новата Cezeta со ознака 506 се нуди во две изведби, послаба со 11 КС, крајна брзина од 85 km/h и досег до 100 килиметри, и посилна изведба со 15 КС, 120 КС и 50 километри подолг досег.

Cezeta моментно е хит како скутер за изнајмување во Прага и освојува со носталгичниот изглед и со различниот концепт. Изнајмување за викенд, сепак чини 150 евра. Цената исто така е сосем очекувана за ретро-скутерот и малата серија: 12.000 евра за послабата и 14.000 евра за посилната изведба на Cezeta 506. Најавен е модел со подостапна цена.

Покрај двата дилери во Чешка, продажната мрежа е присутна во Швајцарија, Шпанија, Франција и Словачка.

https://www.instagram.com/p/ByKX1YQgWV_/

https://www.instagram.com/p/BoCMfYEFHjn/

Претходна објаваЕлектромобилите ќе полнат за неколку минути, но има еден проблем
Следна објаваПолначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи