Тесла стана 6-ти најголем извозник на автомобили од Кина

Фабриката на Тесла во Кина за кратко време прерасна во главен центар за извоз на светските пазари, со трикратно зголемен извоз во јуни, што се случува во време кога домашниот пазар паѓа. Тоа придонесе Тесла да стане 6-ти најголем извозник од земјата.

Во фабриката на Тесла во Шангај се произведуваат три модели: Компактната лимузина Модел 3, кросоверот Модел Уај и неговата продолжена изведба Уај Л, со шест седишта.

Испораките од гигафабриката на Тесла во Шангај, нејзина единствена фабрика во Азија, достигнаа 36.000 возила. Тоа се 40 проценти од вкупната продукција на возила во фабриката. Зголемувањето на извозот од 24 проценти донесе и соодветен раст во вкупниот број на произведени возила во Шангај во минатиот месец, којшто достигна 89.000 возила.

Со тоа јасно се покажа дека кинеската фабрика има улога на евтин центар за производство на возила за компанијата со седиште во САД. Кинеските и странските марки ги насочуваат своите фабрики во Кина кон извоз, откако опадна побарувачката во земјата, како последица од слабеењето на економијата и стапувањето во сила на новите даноци за електрични возила.

Испораките од шангајската фабрика на Тесла за домашниот пазар во јуни опаднаа за 14 проценти, на помалку од 3.000 возила.

Во првите шест месеци, вкупните испораки на возила од кинескиот центар на Тесла пораснаа 28 проценти во споредба со лани, достигнувајќи близу 468.000 возила. Фабриката учествува со 56 проценти во вкупната светска испорака на возила на Тесла во првото полугодие, што изнесува 838.000 возила.

Во 2025 година, кинеската фабрика на Тесла учествуваше со 52 проценти во вкупната продажба на Тесла од 1,6 милион возила во светот.

Извозот од фабриката во Шангај е зголемен двојно во првото полугодие, со 229.000 возила, со што Тесла стана 6-ти најголем извозник на автомобили од Кина, по Чери, БИД, САИЦ (МГ), Џили и Грејт Вол.

Фабриката почна со работа кон завршетокот на 2019 година. Три години подоцна, фабриката обезбеди 95 проценти од компонентите што се вградуваат во возилата да потекнуваат од локално производство.

Високата локализација овозможува фабриката да ги искористи ниските трошоци во Кина, за Тесла да го зголеми извозот оттаму.

Експерти ценат дека шангајската фабрика спаѓа меѓу најефикасните фабрики на Тесла во светот.

Во почетокот, повеќето возила оттаму се извезуваа во Европа, Јапонија и Јужна Кореја. Возилата денес се извезуваат и во Југоисточна Азија, Средна и Јужна Америка.

Домашната продажба на електрични автомобили и приклучни хибриди во првото пологодие има пад од 9,4 проценти, со 1,1 милион возила. Вкупниот пазар во истиот период е 14 проценти во минус, со 4,7 милиони возила, како последица од новите давачки и ослабнатата економија.

Модел Уај од кинеската фабрика стана најпродаван увозен електричен модел во Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Шангај неодамна започна да ја извезува продолжената изведба Модел Уај Л за пазарите во Нов Зеланд, Малезија и Индија.

Пазарните нарушувања дополнително се предивикани од воведувањето данок на промет од 5 проценти за електрични возила, коишто претходно беа ослободени. За возила со обичен погон се наплаќа данок од 10 проценти. Влијае и забавувањето на економијата, со 4,3 проценти во второто тромесечје, наспроти 5 проценти во првото тромесечје, во споредба со лани.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваОпел ја зголеми продажбата за седум проценти, заслуга на Фронтера
Следна објаваШто нуди електричното Фолксваген Поло за 25.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here