за

Дизајн на Славче Таневски за првиот електричен Mercedes-Maybach

Уште еден голем настан на автомобилската сцена и уште една голема вест од Таневски. Македонскиот дизајнер во Mercedes и кадар на Горден Вагенер го потпишува дизајнот на првиот електричен модел на Mercedes-Maybach.

Електрификацијата во Daimler го зафати и најчувствителниот и најтрадиционален огранок, луксузната марка Mercedes-Maybach. Засега концепт, Mercedes-Maybach EQS, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Mercedes-Maybach ќе ја прошири понудата од модели со луксузен СУВ со погон само на струја, конструиран врз платформата за електрични модели од највисоките класи, односно со техниката од EQS. Скапо лакираната двобојна каросерија, како главно стилско обележје на марката, секако дека се забележува прво. Ова наследство на марката сега првпат доаѓа заедно со електричен погон.

Главното место во Concept Mercedes-Maybach EQS е задниот дел од кабината, со директорски седишта и со шоферски пакет. Посебно е свеж дизајнот на облогите на вратите, со потпирач за рака што е изведен како скапоцено парче мебел. Место со црн пијано лак, EQS е облагороден со пијано лак во бела боја. Контраст прават деловите во вратите што се лакирани во сина боја на морска длабочина. Сето тоа создава атмосфера на јахта од врвна класа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Автомобилот со дизајн на Славче Таневски доаѓа точно за одбележувањето на стогодишнината на Maybach. Пред еден век, Вилхелм и Карл Мајбах започнале да изработуваат автомобили со цел тие да бидат „најдобро од најдоброто“. Тоа што Maybach EQS по малку отстапува од досегашната претстава за луксуз од највисок ранг, се темели врз фактот што клиентите на главните пазари за Maybach, односно Кина, Русија, Јужна Кореја, САД и Германија, се сé помлади.

Целосно електричната погонска спрега, покрај тоа што овозможува беспрекорно одржлива мобилност, поставува и нови мерила за спокој и отпуштеност за патниците

Брита Зегер, членка на управниот одбор на Daimler AG и Mercedes‑Benz AG, надлежна за продажбата

Динамичната силуета почнува со низок нос, од кадешто поаѓа линија по должината на закосените предни столбови и истата завршува во задниот спојлер. Изгледот го идентификува Concept EQS како возило од новата технолошка ера. Следното што го одбележува дизајнот е отуството на рабови и прекршувања. Тоа е пример за „Seamless Design“. Начинот на којшто се моделирани површините става печат на изгледот на првиот луксузен СУВ со електричен погон. За моќта и емоциите се грижат арките на крилата што се лакирани во црна боја со висок сјај.

Со Concept Mercedes-Maybach EQS по 100 години ја трансформираме марката за електричната иднина. Футуристичкиот дизајн се состои од емотивна интеграција на површини и форми. Прендиот дел со прогресивната маска на Maybach го следи принципот на интеграцијата и на марката ѝ дава сосем нов изглед. Заедно со новата аеродинамична пропорција на СУВ, комплетно од ново го дефинираме луксузниот СУВ на иднината

Горден Вагенер, главен дизајнер на Daimler Group

Исправената маска Black Panel преоѓа мазно во хаубата и во светлата, кои изгледаат како да се состојат од дијаманти. Вертикалните „pinstripes“ во маската се хромирани и ја прикажуваат во ново светло маската Black-Panel што е обележје на моделите со електричен погон. Тенки хромирани ламели се наоѓаат и долу во отворот за воздух. Хромираната лајсна долж хаубата и впечатливо поставената ѕвезда на Mercedes се традиција што се почитува апсолутно.

New item by Automedia MK / Google Photos

На преодната линија меѓу црниот и циркон-црвениот дел од каросеријата е поставена тенка хромирана лајсна. Впечатливи се хромираните површини околу страничните прозорци и на средниот столб, каде што нормално се наоѓа шема со амблемот на марката. Буквата „M“ на последниот столб го заокружува стилскиот настап на Maybach EQS.

Отстрана одвај се забележуваат нагазниците, но затоа е спротивно со тркалата од 24 инчи со дизајнот на Maybach-Bowl со пет куси краци и масивен средишен дел.

Mercedes најавува дека со техниката од Concept Mercedes-Maybach EQS в година ќе стартува EQS SUV, како електричен пандан на GLS, но базиран врз новата платформа од лимузинскиот EQS. Верзијата на Maybach ќе стартува потоа. Досегот на електричниот СУВ ќе изнесува околу 600 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Оригиналните цртежи на Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Со Славче Таневски за новиот Mercedes S-Class и за идните новини

Славче Таневски Mercedes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мис на Франција му носи среќа на тимот со Peugeot 204 на олдтајмер-рели

Volkswagen ID. Life е најава за народен електричен автомобил