за

Со Славче Таневски за новиот Mercedes S-Class и за идните новини

Појавувањето на новиот Mercedes S-Class е поводот за овој кус разговор со Славче Таневски, македонски дизајнер во Daimler, кој ги има потпишано актуелните B-Class, CLA, CLA Shooting Brake, GLC Coupe и бројни други модели.

Славче Таневски Mercedes10

Славче Таневски е македонски дизајнер што долги години е професионално ангажиран на едно од најпрестижните работни места во автомобилската индустрија, како дизајнер во Mercedes-Benz. Марката од Штутгарт неодамна го претстави знаменосецот S-Class, како зачетник на ново поглавје, не само за марката, туку и општо за глобалната бранша. Таневски ни открива неколку ексклузивни детали околу „Superlative-Class, а дознаваме и за неговата работа во услови на корона, како и за идните модели.

Светла со три точки по адмиралски принцип, геометриски рамномерно поставени кристали, модерен и спортски стајлинг – веќе е јасно дека зборуваме со Славче Таневски, Македонец кој на последниот одржан светски салон на автомобили во Женева лани, лично го лансираше „својот“ најнов модел, CLA Shooting Brake, од бина заедно со тогашниот шеф на концернот Дитер Цече и со главниот дизајнер на Mercedes, Горден Вагенер.

Човек на којшто му важи зборот на светската автомобилска и дизајнерска сцена, секако. Во тој случај имаме контакт со вистинската личност, за одблизу да ни објасни околу дизајнот на новиот Mercedes S-Class, знаменосецот на Штутгарт. Таневски го нарекува автомобилот Superlative-класа, што „историски секогаш бил најава на технолошки иновации, кои подоцна се имплементирале во помалите класи, па и кај останатите производители. Повторно имаме достоен знаменосец на брендот, со посебно внимание на издигнувањето на луксузното доживување при патувањето и користењето.Славче Таневски Mercedes

Дизајнерот потоа посочува на комфорот во кабината, на бројот на дисплеи, на дигиталната интеракција меѓу патниците, големиот head-up дисплеј со аугментативна реалност. Следното што било на списокот на задачи на инженерите се смалениот круг на вртење за два метри, со опционалната управувана задна оска, како и натамошното усовршување на активната безбедност и подобрувањето на ефикасноста на моторите.

„S-Klasse има три точки по адмиралски принцип, E-Klasse има две, а C-Klasse една“

Во поглед на стајлингот имаме помодерен и поспортски впечаток во надворешноста. Задржани се традиционалните пропорции, препознатливата решетка и ѕвездата на хаубата.“ Таневски посочува и на хиерархиските обележја, што надвор од дизајнерското одделение ги познаваат само малкумина: „ Фаровите се потенки, со етаблираниот факел и три точки по адмиралски принцип. E-Klasse има две, а C-Klasse една“.

Mercedes со премиерата на S-Class ќе ја отвори и новата фабрика

Со замената на вертикалната форма на задните светла со дводелни триаголни светла постигнато е каросеријата да се издолжи оптички. Славче продолжува во детали што откриваат дека во автомобилскиот дизајн се кријат многу инспирации и приказни: „Внатрешноста на ѕадните светла е инспирирана од сталагмити и сталактити, таа делува како кристали што се поставени геометриски рамномерно и ја пресликуваат дигиталноста од ентериерот.

Mercedes S-Class Најважните 10 новини кај ѕвездоносецот

Тоа што знаменосецот се појави во планираниот рок докажува дека Германците не дозволија пандемијата да влијае врз развојот на новите модели и општо врз производството. Работата на дизајнерите продолжува со истото темпо, но во сменети услови. „Секако дека пандемијата има импакт врз нашето секојдневие. Веќе шест месеци сум во home office и сите состаноци се обавуваат преку Skype. Има и некои неодложни моменти кога морам да бидам до физичкиот модел во студиото, но и затоа има протоколи, носење маска пред сé.“ Славче го спомнува и прекинот на производството во почетокот на пандемијата, но прекинот не важел и за развојот на новите проекти на Mercedes.

Три новини со дизајн потпишан од Таневски пристигаат по 2021 година

Очекувано и сосем разбирливо, затоа што станува збор за најстрога професионална тајна, македонскиот дизајнер не открива на кои модели работи моментно, но затоа можеме да нагаѓаме: „Три многу возбудливи новитети се спремни и ги очекуваме на пазарот после 2021.“

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63
Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

Повеќе конкретни информации имаме околу електричните модели, поточно околу влијанието што во има погонот на струја врз процесот на дизајнирањето на автомобилите. „Апсолутно работиме со полна пареа на електричните возила. Наредната година следува првиот новитет од новата електро-платформа, EQS, возило кое е пандан на S-Klasse. Револуционерен и прогресивен дизајн како во внатрешноста така и во надворешноста“, ни открива Славче.

Автономијата на EQS, кој ќе има премиера в година, ќе надминува 700 километри

Потврда пристига и за скорешниот старт на серискиот EQA, кој се базира врз GLA. „Императив и најголем предизвик се батериите во подот, како и аеродинамиката, сé со цел да се постигне поголема автономија. EQS ќе има автономија од над 700 километри.“

Концептниот автомобил на Таневски од 2017 година всушност одигра основоположничка улога во изгледот на електричните автомобили на Mercedes: „EQA Concept (2017) беше предвесник на целата електро фамилија (EQ) и е матрица од која се црпат стајлинг елементи, што ќе ги видиме на сериските возила подоцна. Не се случува често да се дефинира нов суб-бренд одново, со сосем нова филозофија за пропорциите што треба да ги имаат автомобилите при нивното конципирање, за експресиите што треба да ги има ликот на возилото, за начинот на којшто се третираат површините итн.“ Креативноста и способноста да внесе свежина во дизајнот, што Таневски ги внесе во својот EQA Concept, веројатно беа главниот мотор за брзото напредување на нашиот дизајнер во германскиот концерн. Славче се сеќава: „Тоа беше доста возбудлив и авантуристички период.“

За крај, го прашавме нашиот светски дизајнер каде го минал летото и какви впечатоци тоа му оставило. „Летото го поминав работно со кратки викенд излети, тука во Германија и во соседните земји.“ Како поточно изгледа летово за Славче, најдобро сведочат фотографиите што тој ги објавува на својот профил на инстаграм. Воопшто не е необично, патем, врвен автомобилски дизајнер да создава фотографии што можат да им парираат на фабричките. Славче вели дека го работи тоа од хоби.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По највисоките македонски планини со Toyota RAV4 Баба Планина Трет дел22

По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Баба Планина (Трет дел)

Volvo Cyan P1800

Тркачки Volvo P1800 како од 1960-те години, изработен сега