за

Мис на Франција му носи среќа на тимот со Peugeot 204 на олдтајмер-рели

Peugeot го поддржува тимот што со реставриран Peugeot 204 учествуваше на Auto Tour, ценето рели со олдатјмери што годинава го имаше своето 30-то издание.

Јубилејното триесетто издание на Auto Tour годинава се одржуваше од 30-ти август до 4-ти септември. Меѓу бројните тимови од познати личности од автомобилската и јавната сцена се најде и тимот со стартен број 45, во реставриран Peugeot 204 Coupe. Тоа е единствен автомобил Peugeot што учертвуваше на релито. Единствена е поддршката и од Мис на Франција, Амандин Петит.

Франсоа Ален е познат автомобилски новинар, кој во 1990 година го основаше клубот на сопственици и љубители на Peugeot 204 и 304, и во сиве години има објавено најмногу за историските возила на Peugeot, вклучувајќи стотици телевизиски прилози, а автор е на пет книги. Тој моментно ја води тв-емисијата Vintage Mécanic на каналот RMC Découverte.

Николас Ганто е член на клубот Peugeot 204 и 304, ценет е како врвен реставратор и исто така учествува во емисијата Vintage Mecanic. Меѓу проектите на коишто тој има работено за тв-каналот е повеќе позната неговата работа врз Peugeot 201 за Normandie Beach Race, за Peugeot 304 од филмот „Carnets de Julie”, како и на самиот Peugeot 204 Coupe што годинава учествуваше на Tour Auto.

Peugeot 204 е меѓу најпознатите модели од серијата 2 на марката со лавот и беше бестселер во Франција од 1969 до 1971 година. Изведбата со купе-каросерија, којашто ја дизајнираше Пол Буво, главен дизајнер во Peugeot Style, се продаде во близу 43.000 примероци.

https://photos.app.goo.gl/tyMic8ojiakiobZNA

Претходникот на славната низа 205-206-207-208 има напишано важни историски поглавја. Во 1971 година, Peugeot 204 учествуваше на Tour de France Automobile во категоријата 3GT. Купе-изведбата од Peugeot 204 се појави во бројни епизоди во шоуто Vintage Mecanic, коешто се емитува од 27-ми мај. Автомобилот мирувал во целиот период од 1978 до 2021 година. Тој потекнува од последната серија произведена во 1970-та година.

https://photos.app.goo.gl/Zt53Dzu6vX28KC838

Токму овој примерок бил вицешампион на Франција во регионалните релија и последен пат пред 45 години учествувал на рели, со тимот од  Доминик Рестелини и Жан Луј Форест. Оттаму потекнува и стартниот број 45 за Auto Tour 2021.

Одделението Peugeot Adventure стои зад долговечноста на автомобилите на француската марка. Тоа е основано во 1982 година и им нуди помош на ентузиајстите, меѓу другото и со снабдување со резервни делови за олдтајмерите.

>>> Најубавата Французинка вози електрично Peugeot e-208

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ планира забрана за извоз на автомобили со послаба норма од Еуро 5

Дизајн на Славче Таневски за првиот електричен Mercedes-Maybach