Француската моделка и студентка на бизнис администрација Амандин Пети е носителка на титулата Мис на Франција за 2021 година. Во динамичното секојдневие што следи со ваква титула, Амандин ќе има соодветен превоз, електричен Peugeot e-208 во сина боја.
Убавата Нормандијка, седма дама од регионот што победува во изборот за Мис на Франција со традиција од 1920 година, го презеде својот нов автомобил Peugeot e-208 во локалниот салон на марката во родното место Ка‘ (Caen).
Откако стартуваше продажбата во 2019 година, Peugeot 208 постигна одличен пазарен успех, со близу 630.000 испорачани возила. Не изненадува тоа што наследникот на низата 205-206-207 е најпродаван патнички автомобил во Франција во првата половина од годинава.
Амандин во мај учествуваше во изборот на Мис Универзум и се пласираше во Топ 21, а воедно е носителка и на титулата на Мис на Нормандија за минатата година. Французинката избра син Peugeot e-208 GT што ќе ја придружува во секојдневието. Според производителот, новиот автомобил „оддава младост пренесувајќи ги својата енергија и спонтаност, нуди живост и го поттикнува уживањето во возењето благодарение на 100% електричниот погон и нуди лесен пристап до новата мобилност“.
https://photos.app.goo.gl/PqeGQ3s47bgMdpAa7
https://photos.app.goo.gl/4mWB8JKydXPp3yxN7
https://photos.app.goo.gl/DQdPDiTH1U9tyYZe6
https://photos.app.goo.gl/hXwbBt7BAE7fs31BA
https://photos.app.goo.gl/Wt2PC14PYq14mkUn7
Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

















