за

Toyota Corolla со погон на водород вози трка викендов

Тркачка Toyota Corolla со мотор што користи водород доби неколку усовршувања откако пред неколку месеци имаше премиера на 24 часа Фуџи.

Toyota со тркачката Corolla со водороден погон му прави одлична реклама на овој погон што е неутрален во поглед на емисијата на СО2 и важи како најдобро погонско решение со коешто моментно располага индустријата. Јапонците дополнително користат и водород што е добиен исклучиво со електрична енергија од обновливи извори.

Corolla што користи водород како погонско гориво повторно ќе се трка викендов, на петчасовната трка Супер Тајкиу што се вози на Аутополис, на 31-ви јули и 1-ви август. Toyota работи на овој проект со цел да прикаже уште еден начин на којшто може да се движат возилата, без притоа да се испуштаат штетни материи.

Исто како на претходната трка, возилото ќе учествува како „тркач почетник“, а претседателот на Toyota, Акио Тојода, лично ќе седне зад воланот на тркачката Corolla, зад псевдонимот Моризо. Водородот е произведен локално во Кјушу, што укажува на уште една голема прибовивка од користењето на ова „гориво“.

Водородната Corolla првпат возеше на 24 часа Фуџи, на 21-ви мај. Целта на Toyota е искуствата што ќе бидат стекнати во мотоспортот да се искористат за забрзано усовршување на мотор што користи водород како погонско гориво.

Неколку од подобрувањата што се извршени на водородната Toyota Corolla по првата трка во мај:

  • Намалено е неконтролираното согорување и подобрени се перформансите (вртежен момент +15%)
  • Брзата реакција, што е карактеристика на водородниот мотор, исто така е подобрена.
  • Скусено е времето за полнење на резервоарите со водород, од пет на три минути

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model Y bela

Tesla Model Y од германската фабрика ќе стартува наесен

Најубавата Французинка вози електрично Peugeot e-208