за

Tesla Model Y од германската фабрика ќе стартува наесен

Производството на Tesla Model Y во фабриката во Германија е можно да стартува веќе наесен. Тоа го соопшти шефот Илон Маск на средба со инвеститорите.

Tesla Model Y bela
Tesla Model Y bela

Во Tesla повторно владее голема напнатост. Електро-специјалистот ја шири својата производствена мрежа и гради фабрики во Германија и во Тексас, покрај постоечките во Калифорнија и во Кина.

Техно-милијардерот и шеф на Tesla најави на средбата со инвеститорите дека неговата компанија очекува освежената верзија на Model Y да стартува со производство во ограничена серија во Германија и во Тексас подоцна во текот на годинава. Илон Маск зборуваше и за големите проблеми со коишто неговата компанија се соочува пред почетокот на производството во новите фабрики. Во Германија, Tesla се соочуваше со бирократски пречки, како и со тужби од страна на активистите за заштита на животната средина.

Фабриката во Гринхајде, во близина на Берлин, се очекува да биде пуштена во погон во текот на летово. Маск останува претпазлив и уште нема наведено точен датум кога ќе стартува фабриката. Покрај тоа, неизвесно е дали Tesla во текот на годинава ќе стартува со сериско прозиводство на усовршената изведба на Model Y. Новата верзија ќе изгледа слично како познатата верзија, но конструкцијата на задниот дел ќе се состои од алуминиум. Уште поважно, се планира да се користат новите ќелии со ознака 4680.

Новата батерија ќе биде составен дел од структурата на возилото, а ќелиите ќе располагаат со повисока енергетска густина, односно при иста големина ќе нудат поголем капацитет. Големата сензација е во тоа што досегот ќе се продолжи за 54 проценти, а трошоците по kWh батерија ќе се намалат за 56 проценти. Маск сепак остава резерва и објаснува дека остануваат уште неколку чекори, додека се овозможи ќелиите 4680 да се произведуваат во голема серија.

Доколку Tesla не успее навреме да ги обезбеди новите батерии за Model T, во почетокот ќе се вградуваат постоечкиот вид батерии. Првиот контингент со батеријата со ќелии 4680 се очекува дури во септември, кај примероците од Model Y што се произведуваат во фабриката во Шангај. Неизвесно е дали автомобилите од германскат фабрика ќе ја поседуваат новата батерија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia ја зголемила продажбата за 50% во вториот квартал

Toyota Corolla со погон на водород вози трка викендов