за

Kia ја зголемила продажбата за 50% во вториот квартал

Од почетокот на април до крајот на јуни, Kia продала над 750.000 возила на светскиот пазар. Новите генерации на Sorento и Carnival носат добар биланс во касата.

Корејската марка со ново име, во коешто повеќе нема „Motors“, но и со ново лого и ново мото „Движење што инспирира“, во вториот квартал продала вкупно 754.117 автомобили ширум светот, подобрувајќи го резултатот од истиот период лани за 46,1 проценти.

Големата сензација во билансот на Kia за вториот квартал е растот од 70,9 проценти во бројот на продадени возила на извозните пазари на марката. Вкупно 605.808 возила на Kia се продадени во периодот меѓу април и јуни на пазарите надвор од Кореја.

Зголемената продажба соодветно донесе и зголемен промет, од 11,37 трилиони корејски вони во ковид-кризниот втор квартал лани, на 18,34 трилиони корејски вони годинава. Тоа што посебно придонесува за позитивниот биланс на Kia е одличната продажба на новата генерација на престижниот СУВ-модел Sorento, како и на кросовер-миниванот Carnival.

Најголем раст и најделотворно закрепнување по ланскиот-локдаун постигнале Европа, Индија и Јужна Америка. Истото важи и за пазарот во САД, кој традиционално е силен пазар за Kia. Сосем е за очекување тоа што новите генерации на „големите“ модели Sorento и Carnival постигнуваат голем напредок во американската продажба. Резултатот за домашниот пазар прикажува намалување од 8,2 проценти, со вкупно 148.309 возила. Овој пад веројатно се должи на фактот што корејските власти воведоа големи повластици за поттикнување на продажбата на домашната марка во периодот на најголемиот пандемиски удар лани.

Во вкупната продажба од три четвртини милион автомобили во периодот меѓу април и јуни, СУВ-моделите и кросоверите од типот на Telluride, Seltos, Sorento и Carnival, учествувале со дури 56,5 проценти. Тоа е за 2,8 процентни стапки подобро во споредба со вториот квартал во минатата година.

Останува оптимизмот за второто полугодие, кога ќе почнат да се покажуваат резултатите од воведувањето на новата генерација на Sportage, како и од продажбата на електричниот модел од комплетно нова генерација EV6.

Новата Kia Sportage со бензинец, дизел, хибрид, приклучен хибрид, сé за бестселерот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

E-Class на струја главна на салонскиот штанд на Mercedes во Минхен

Tesla Model Y bela

Tesla Model Y од германската фабрика ќе стартува наесен