Веста што прв ја објави францускиот дневен весник Лез Еко, следи откако нагло порасна побарувачката за електрични возила во Европа, по значителното поскапување на горивата, откако САД и Израел го нападнаа Иран.
Тоа предизвика значително зголемување на побарувачката за електричните модели на францускиот производител и услови промени во производствените планови во целата бранша.
Скусувањето на работните места ја опфаќа целата производствена мрежа на Рено во Франција, вклучувајќи места во контрола на квалитет и во снабдувањето од добавувачите, меѓутоа не ги погодува работниците на монтажните ленти. Рено вработува 17.500 лица што непосредно или посредно се ангажирани во производството.
Рено во јуни започна со реорганизација на инженерските одделенија, со цел да ги скуси трошпоците во развој, а во исто време да ја зголеми ефикасноста на групацијата и да ја донесе на ниво на новите кинески соперници.
Бизнисот на францускиот производител на авотмобили врви солидно, благодарение главно на доставните возила и на електричните модели, како Рено 5, изјави директорот за производство Тјери Шарве на 16-ти ноември.
„Во двата сегменти бевме на еден начин заштитени од конкуренција во изминатите години, посебно од кинеските компании. Но, бевме свесни дека конкуренцијата доаѓа; знаковите дека тоа се случува ги видовме уште на салонот во Париз,“ додаде директорот.
За новите планови прво треба да се постигне договор со синдикатите. Тој чекор веќе започнал, соопшти извор што е упатен во случувањата.
Компанијата планира да вработи 1.650 работници во сини мантили во своите фабрики, понатаму 250 што директно ќе работат во производство и 100 приправници, кажа Шарве. Во исто време, до 1.000 работни места за персонал во бели мантили ќе се затворат, на доброволна основа, наведува директорот.
Рено планира и масовна иницијатива за обука, со обем од близу 500.000 часови, со цел на работниците да им се помогне во промените во работните места и структурата на компанијата да се приспособи за предизвиците со коишто се соочува браншата, како роботи, АИ и електрификација.

















