Специјалистот за мерење време TAG Heuer го претстави паметниот часовник што светот го очекуваше со нетрпение. Скринсејверот со изглед на класичен часовник е во знак на долгата традиција на производителот.
Паметниот часовник на TAG Heuer го следи дизајнот на класичниот модел Carrera, но различно од очекувањата, името нема да се продава на пазарот под името Carrera Wearable 01, туку како Connected. Кога не се користат паметните функции, часовникот прикажува изглед на класичен часовник, со што производителот се повикува на својата долга традиција во браншата. Часовникот работи на Android Wear, користи процесор од 1,6 GHz од Intel и располага со вообичаените функции кај паметните часовници, почнувајќи од фитнес-трекер до прегледник на вести. Целна група се мажи што сакаат да го прикажат својот статус, покрај цената на часовникот од 1.500 долари, но имаат и силни раце, не поради тежината од 53 грами, туку поради дебелината од 12,8 сантиметри и пречникот од 46,2 милиметри.