за

Шварценегер како лажен дилер што ги одвраќа купувачите од автомобили на струја

Шварценегер дилер користени автомобили
Шварценегер дилер користени автомобили

Покрај дилер на користени автомобили што верно изговара реплики од култни акциски филмови и цени дека големите мотори се добри, затоа што ја намалуваат светската популација, одеднаш сите губат интерес да купат електричен или хибриден автомобил?

Видео на јутјуб за три денови надмина еден милион прегледи, што и не зачудува имајќи предвид дека главниот лик е Арнолд Шварценегер. За ликовите во видеото, тој сепак има друг идентитет. Арни се претставува како Хауард Клајнер и работи како дилер за користени автомобили во Калифорнија. Но, овој дилер е поразличен од сé што човек може да очекува.

Во салонот и на плацот надвор, покрај стотици препознатливи модели со мотори V8, се наоѓаат неколку хибридни, па дури и електрични автомобили. Кога на овие возила ќе им пријде двојка што е заинтересирана за купување, доаѓа „Хауард“ со пура и хавајка, кој не избира зборови за потенцијалните купувачи да ги одговори од идејата да купат автомобил што е добар за животната средина.

Аргументите на овој дилер се доволно вредни, за секој што ќе го погледне видеото да посака целометражен филм со ова комично сценарио. На заинтересираните купувачи, сепак не им е секогаш до смеење. „Автомобилите што трошат бензин се добри за животната средина, затоа што спречуваат прекумерна населеност на планетата. Тоа е идејата.“

Целото ова холивудски продуцирано видео доаѓа како добро освежување на автомобилската сцена. Публиката реагираше одлично, оставени се повеќе од 2.000 коментарите под видеото.

Човекот што некогаш се поврзуваше со имиџот на Hummer, повеќе децении наназад е активист за заштита на животната средина и пред неколку седмици организираше конференција за светската клима во Виена.

https://youtu.be/rXodSqMpuUQ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo нов салон, Премиум АГС

Новиот салон на Volvo донесува дел од Шведска во Скопје

toyota gr supra goodwood 2019

Toyota доаѓа на Фестивалот во Гудвуд во стил на победник на Леман