Suzuki Ignis со нови награди од WhatCar: Највреден за парите и најштедлив

По ланскиот победнички поход во класата, малечкиот СУВ-модел Suzuki Ignis Hybrid годинава освои награда за „Best Buy“ во изборот на британскиот магазин What Car за 2021 година. Откако мина темелни тестирања и оценувања од страна на уредничкиот тим на магазинот, Ignis беше прогласен за модел што нуди најдобра противвредност во класата на малечки СУВ-модели. Како и сите модели во понудата на јапонскиот прозиводител, во Suzuki Ignis работи благ хибриден погон, со стартер-генератор и мала батерија под совозачкото седиште. Со 1,2-литарскиот 1.2 Dualjet хибриден погон и со погон напред, Ignis освои награда од магазинот и во рамките на изборот за најштедливи автомобили, што WhatCar го води под името „True Mpg“. Малечкиот СУВ беше најштедливиот модел тестиран од тимот. Со тоа уште еднаш се покажа веродостојноста на прогласувањето на Suzuki Ignis за победник во „True Mpg“ во 2019 година и лани. Читателите на What Car? Практикуваат да се консултираат со тимот на магазинот околу изборот на автомобил, и во случај кога се бара нешто мало, достапно и со ниски трошоци за одржување, што е воедно и лесно за возење, Ignis се наоѓа високо на листата на препораки од британскиот тим. Дополнително постои и можност да се избере варијанта со автоматски погон на сите тркала Allgrip . Уедникот на What Car, Стив Хантингфорд, коментира околу изборот: „Доколку сакате седење на повисоко во автомобил со мали димензии што е погоден за низ град, по достапна цена, речиси и нема подобар избор од Ignis. Автомобилот убедува и откако ќе се излезе од градот, бидејќи тој е наштедливиот автомобил што сме го тестирале на споредни патишта и автопати, постигнувајќи соодветно 3,77 L/100 km и 5,29 L/100 km на нашите реални True MPG тестови

По ланскиот победнички поход во класата, малечкиот СУВ-модел Suzuki Ignis Hybrid годинава освои награда за „Best Buy“ во изборот на британскиот магазин What Car за 2021 година. Откако мина темелни тестирања и оценувања од страна на уредничкиот тим на магазинот, Ignis беше прогласен за автомобил што нуди најдобра противвредност во класата на малечки СУВ-модел.

Како и во сите модели во понудата на јапонскиот производител, во Suzuki Ignis работи благ хибриден погон, со стартер-генератор и мала батерија под совозачкото седиште. Со 1,2-литарскиот 1.2 Dualjet хибриден погон и со погон напред, Ignis освои награда од магазинот и во рамките на изборот за најштедливи автомобили, што WhatCar го води под името „True Mpg“. Малечкиот СУВ е најштедливиот модел тестиран од тимот. Со тоа уште еднаш се покажа веродостојноста на прогласувањето на Suzuki Ignis за победник во „True Mpg“ во 2019 година и лани.

Читателите на What Car? Практикуваат да се консултираат со тимот на магазинот околу изборот на автомобил, и во случај кога се бара нешто мало, достапно и со ниски трошоци за одржување, што е воедно и лесно за возење, Ignis се наоѓа високо на листата на препораки од британскиот тим. Дополнително постои и можност да се избере варијанта со автоматски погон на сите тркала Allgrip

Suzuki Ignis Hybrid

Уредникот на What Car, Стив Хантингфорд, коментира околу изборот: „Доколку сакате седење на повисоко во автомобил со мали димензии што е погоден за низ град, по достапна цена, речиси и нема подобар избор од Ignis. Автомобилот убедува и откако ќе се излезе од градот, бидејќи тој е наштедливиот автомобил што сме го тестирале на споредни патишта и автопати, постигнувајќи соодветно 3,77 L/100 km и 5,29 L/100 km на нашите реални True MPG тестови.“

Suzuki Ignis Hybrid на нашиот пазар стартува од 12.960 евра.

Кон страната за моделот -> http://mirkat.com.mk/cars/ignis-hybrid.html

 

Претходна објаваMercedes „по воздух“ вчитува нов софтвер во милиони возила
Следна објаваСтаклената мануфактура започна со производство на Volkswagen ID.3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here