Mercedes „по воздух“ вчитува нов софтвер во милиони возила

mercedes me over the air update

Тоа што Mercedes го стартуваше во САД во 2013 година, денес е стандардна можност во возилата што се опремени со инфо-забавниот систем MBUX. Нов софтвер досега е вчитан „Over the Air“ околу дванаесет милиони пати во возилата на Mercedes ширум светот.

Кога Mercedes стартуваше со продажба на новата генерација на E-Class во 2016 година, меѓу бројните новини беше и можноста за автоматско обновување на картите за навигација. За тоа што претходно беше потребно да се користи носач на податоци, на пример DVD, или мораше да се посетува сервисната работилница, оттогаш се одвива автоматски на секои три месеци. За ова „Over the Air“ вчитување нов софтвер е потребно клиентот да ја активира опцијата на порталот за Mercedes me.

Откако Mercedes-Benz ќе има нов софтвер за дистрибуција, во средишниот дисплеј во возилото се покажува информација за тоа. Преземањето и инсталацијата на обновениот софтвер се вршат во заднина. Корисникот единствено треба преку дисплејот да се согласи за новиот софтвер да се вчита во возилото. На тој начин, софтверот во возилото секогаш е во најновата верзија. Податоците се пренесуваат преку мрежата за мобилна телефонија и преку комуникацискиот модул што е вграден во возилото – тоа е најсигурниот начин.

Друга опција за актуелизирано и подобрено корисничко искуство е регистрацијата за нови функции во Mercedes me Store: Таму стојат на располагање CarPlay или Android Auto, In-Car-Office или дигитално радио Radio DAB+ за најдобар можен радио прием. Предност од далечинското вчитување е тоа што брзо и комотно може да се продолжат услугите и функциите на коишто им е истечена претплатата.

За некои функции и услуги воопшто нема потреба да се вчитува нов софтвер во возилото. MBUX е хибриден систем, што ги користи податоците, односно софтверот во возилото, но и информациите во податочниот облак. Тоа важи на пример за говорниот асистент „Hey Mercedes“. Тој постојано учи нови зборови и реченици, преку нивна размена со податочниот облак. За прашања од типот „каде е најблиската пицерија?“ или „како денес играше нашата фудбалска репрезентација?“ исто така се посегнува по податоците во „облакот“.

Во возилото постојано пристигаат информации за сообраќајот или за времето, заедно со дополнителни податоци, како висина на снег во планинските подрачја.

Возачките и возачите на A-Class, во којашто од 2018 година се вградува MBUX, моментно ги добиваат на располагање дополнителните стриминг-услуги TIDAL и Amazon Music, а добиваат и пристап до Mercedes me Store преку системот MBUX. Тоа значи дека заедно со новиот софтвер, честопати се добиваат и функции што претходно не постоеле.

Како што пристига нов софтвер, така истиот уште во фабрика се вчитува во моделите. Пример за досегашните вчитувања нов софтвер од A-Class:

Возила произведени од … до …
MBUX функции … 03/2018 до 10/2018 … 10/2018 до 06/2019 … 06/2019 до 06/2020 … 06/2020 до 12/2020
Online Music: TIDAL x вчитано во фабрика вчитано во фабрика вчитано во фабрика
Mercedes me Store x x вчитано во фабрика вчитано во фабрика
Duzen (во некои држави) x x x вчитано во фабрика
Online Music: Amazon Music x x x x

x= значи дека е можен OTA-Update

Следниот чекор во обновувањето на софтверот е во новата S-Class. Нејзината електронска архитектура дозволува повеќе од 50 контролни уреди во возилото и целиот MBUX, заедно со централниот дисплеј, да се обноват без посета на сервис, „Over the Air.

>>> Mercedes со мобилна апликација што учи да се вози штедливо

Претходна објаваStonic во трендовска изведба GT Line во салонот на Kia
Следна објаваSuzuki Ignis со нови награди од WhatCar: Највреден за парите и најштедлив

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here