за

Mercedes со мобилна апликација што учи да се вози штедливо

Постојано расте бројот на клиенти на Mercedes што избираат електричен или приклучен хибриден автомобил. Апликацијата Mercedes me Eco Coach може да биде од голема корист.

Mercedes со мобилна апликација што учи да се вози штедливо

Најновата мобилна апликација на Mercedes го носи името Eco Coach, тренер за еко-возење. Нејзината функција е на возачите на автомобил со „штекер“ да им помогне во секојдневието. Со помош на Eco Coach може да постигне голема заштеда во возењето, а може и да се добијат бодови за користење бонус премии и услуги.

Клучниот дел од апликацијата Eco Coach се најразличните предизвици, Challenges. Со решавање на овие предизвици, се освојуваат бодови. Целта на предизвиците обично е потрошувачката да се сведе на најмала можна мера. Возачот добива задача да помине колку е можно поголем дел од патот користејќи само електричен погон. Бодови се освојуваат и со полнење на батеријата на различни места. Може да се учествува и во натпреварите за целата заедница на корисници на апликацијата.

Освоените бодови може да се користат за бесплатно полнење или за купување во продавниците на Mercedes-Benz Collection Shop. Секако дека освен возачот, корист од апликацијата има и животната средина. Понатаму, со следењето на советите може да се продолжи и времето на експлоатација на батеријата.

Апликацијата моментно е достапна во Германија, а наскоро ќе се понуди и на останатите пазари во Европа. Eco Coach првпат соединува елементи на игра со елементи на информација, со цел возачите да се мотивираат за користење на апликацијата. Кај моделите на Mercedes што се опремени со систем MBUX, податоците и советите од апликацијата наскоро ќе се прикажуваат директно на дисплејот во возиолото.

Mercedes уште од 2017 година ја нуди апликацијата EQ Ready, што досега ја имаат инсталирано 1,6 милион корисници.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo со рекордно полугодие по заживувањето на пазарот

Toyota Gazoo и Ал Атија со 15 минути заостаток пред завршната етапа на Дакар

Toyota Gazoo и Ал Атија со 15 минути заостаток пред завршната етапа на Дакар