за

Suzuki Challenge се вози во Италија по 21-ви пат

Без потреба од скапи тркачки патеки, со возила што се достапни, а одлични се за трка. Тоа е формулата што Suzuki Challenge ја следи веќе 21 година.

Suzuki Challenge се вози во Италија по 21-ви пат
Suzuki Challenge се вози во Италија по 21-ви пат

Купот со теренски возила на Suzuki што подолго од две децении се одржува во Италија е добар пример за тоа дека мотоспортот некогаш е повеќе работа на организација, отколку што е престиж.

Мотоспортот е во гените на Suzuki и тоа се докажува со многубројните тркачки серии во коишто се појавува марката, било да се работи за автомобилите, мотоциклите, квадрициклите со нејзиниот знак – избор на возила постои, потребна е само организација. Токму тоа е најсилното обележје на Suzuki Challenge, купот на јапонската марка што се вози со Grand Vitara DDiS 1.9 Т2 и спонзориран е од италијанскиот огранок на Suzuki.

Трофејниот куп се состои од четири трки, кои се возат во рамките на италијанското првенство во крос кантри рели. Suzuki Challenge влегува во својата 21-ва година и продолжува најверодостојно да ги прикажува спортските гени на марката во теренското возење. Тоа е сосем вообичаена средина за јапонската марка, којашто има 50-годишно искуство во производството на 4х4-автомобили. Фактот што Suzuki моментно го нуди погонот Allgrip буквално во сите свои моделски серии, од Ignis и Swift, до Vitara и S-Cross, говори за политиката на марката, погонот на сите тркала да го направи достапен за сите и за секаде.

Формулата на организаторот Emmetre Racing дејствува совршено веќе две децении. Купот им овозможува на сопствениците на теренски автомобил Suzuki да ја исполнат пасијата за теренско возење со прифатливи трошоци. Сите учесници имаат рамноправни шанси, затоа што возат ист модел, според правилници што се пропишани од ФИА.

Suzuki Challenge се вози со Grand Vitara 3p DDiS подготвен според правилата за хомологација за група Т2. Тоа се познати, проверени и конкурентни возила за сите трки од италијанското првенство во крос кантри рели, на коишто се вози купот.

https://www.facebook.com/412251675493451/videos/1025191734617599

Календарот на Suzuki Challenge 2020

  • 8 и 9 август – 1st Cross Country Valtiberina and Crete Senesi
  • 29 и 30 август – 48th Cross Country San Marino
  • 26 и 27 септември – Adriatic Cross Country
  • 21 и 22 ноември – Cross Country Tuscan Rewind

Се бодуваат трите најдобри резултати и се поништува најслабиот резултат, но тоа не важи и за финалната трка. Возењето на финалната трка е задолжително, а бодовите што ќе се освојат се множат со коефициент 1,5. На тој начин се постигнува неизвесност до самиот завршеток на финалната трка, односно им се дава шанса и на тимовите со послаб резултат во првите трки да се надеваат на победа.

Паричните награди за тимовите во Suzuki Challenge 2020

  • 1-во место 9.000 евра + трофеј
  • 2-ро место 6.000 евра
  • 3-то место 3.000 евра
  • 4-то место 2.000 евра

Котизацијата за купот изнесува 500 евра за тимовите што имаат учествувано претходно, односно 1.000 евра за новите тимови, што вклучува и огноотпорен тркачки костум Suzuki HRX, јакна Suzuki и налепници за возилото. Сите учесници воедно добиваат и 20% попуст за оригинални резервни делови во мрежата на марката.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Како Suzuki Vitara ја укина индустријализацијата на секојдневието

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Avalon · Toyota им останува верна на лимузините на пазарот во САД

Toyota им останува верна на лимузините на пазарот во САД

audi s3 sportback

Audi S3 не е случајно жолт како питон