SsangYong Korando во комплетно ново издание во Женева

SsangYong Korando IV Zeneva 1910

Специјалистот за теренски возила најавува светска премиера за четвртата генерација на SsangYong Korando на салонот во Женева. Изгледот и досега не беше слаба страна на марката, Корејците ветуваат просторна кабина и високи безбедносни стандарди.

Дизајнерските испади на SsangYong со втората генерација на Korando, со купе-теренецот Musso или со легендарно грдиот Rodius се веќе заборавени. Актуелните модели значително го поправија впечатокот за корејската марка, иако во поглед на механиката и издржливоста, кај SsangYong отсекогаш било сé во ред. Главно.

Korando наскоро преоѓа во нова, четврта генерација. Смената ќе се изврши на салонот во Женева, во почетокот на следниот месец. Изгледот во основа го следи стилот што беше прикажан со студијата SIV-2 во 2016 година, исто така на швајцарскиот салон.

Новото издание спојува современ изглед со добро изработена и просторна внатрешност. На тоа се надоврзува свеж арсенал од системи за асистенција и безбедност, како и нови можности за поврзување со телефонот.

Стилски мошне „впечатливо“ изведена маска и светла што ја следат формата на маската

Дизајнерите се особено горди на изгледот на предната маска, односно на една обична ламела, што ефектно ја заменува класичната маска. Овој стил се надоврзува со предните светла, создавајќи спортски впечаток.

Според најавите од SsangYong, патниците ќе добијат повеќе слободен простор над главата отколку во кој било од конкурентските модели. Во некои детали, марката сепак останува чекор зад авангардата. Така, на пример, се најавува дуален систем за навигација, односно прикажување на информациите на големиот дисплеј во средината на таблата и на дигиталниот дисплеј од 10,25 инчи кој ги заменува класичните инструменти.

Вредностите по коишто познавачите ја ценат оваа марка сепак се други. Премиерата е на 5-ти март, на салонот покрај Лак Леман.

https://photos.app.goo.gl/cwAdwtkNv4J7jq8n8

https://photos.app.goo.gl/TDYUax7mKzugM64d7

https://photos.app.goo.gl/eaQpe5eurkXB99GA8

https://photos.app.goo.gl/y91vWbHs5NgCmujU6

Објава на инстаграм со автомобилот што не отсуствува од ниту една листа на најгрди модели во историјата

https://www.instagram.com/p/BrgIl3WFGHj/

SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“

SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

SssangYong го враќа носорогот во понудата

SsangYong ќе претстави концепт на електричен теренец во Женева

 

Претходна објаваSkoda Vision iV прикажува сосем различна внатрешност
Следна објаваУште еден дизајн на Славче Таневски стартува со производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here