SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

ssangyong Musso

Убеденоста во квалитетот на сопствената работа се чини дека е заедничко обележје на Корејците. SsangYong го следи примерот на Kia и нуди гаранција од 7 години или 240.000 километри за купувачите во Британија

Многумина уште се сеќаваат на впечатливата појава на првиот SsangYong Musso, кросоверот пред сите кросовери, кој во 1990-те години некако доспеа и на нашиот пазар и мина сосем солидно. Примероци од Musso се гледаат и денес по улиците, уште далеку од тоа да бидат изедени од времето.

SsangYong во меѓувреме смени неколку генерации на своите модели, но марката и натаму останува потесен избор на познавачите. Британците се погрижија тоа да се смени. Најстариот корејски производител (од 1954) има два нови модела, Musso и Rexton. Двата имаат иста основа, едниот е пикап, другиот е класичен СУВ. Најголемата новина сепак е гаранцијата од 7 години или 150.000 милји (околу 240.000 km).

Како еден од пазарите на коишто купувачите се тие што уживаат кралски третман, возачите што го купиле новиот Rexton во претходните неколку месеци ќе можат да поднесат барање гаранцијата да важи и за нивното возило, бесплатно. Сите останати модели на SsangYong, купени по 1-ви јануари 2018 ќе ја добијат долгата гаранција со доплата од 500 фунти.

Гаранцијата ги вклучува сите главни механички делови, вклучувајќи ги сите лежишта и зглобови во подвозјето, амортизерите, па дури и радиото. За ламела и сопирачки облоги има гаранција од 1 година или 12.500 милји, за акумулаторот и лакот важат три години.

SsangYong Rexton

Претходна објаваСамо петмина работници на Fiat на протестот за Роналдо
Следна објаваЛажен вработен во BYD го договорил спонзорството на Арсенал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here