за

Лажен вработен во BYD го договорил спонзорството на Арсенал

BYD izmama arsenal

BYD, најголемиот производител на електрични автомобили во Кина, побарал поведување полициска истрага за лице коешто лажно се претставувало дека работи како маркетинг менаџер во компанијата, склучувајќи неважечки договори за спонзорство

Кинеската полиција започна истрага за случајот со лице коешто лажно се претставувало дека работи во компанијата BYD и склучувало договори за спонзорство на познати личности и организации. BYD е најголем производител на електрични автомобили во Кина и воопшто глобално, и од 2008 година добива силна инвестициска поддршка од американскиот магнат Ворен Бафет.

Компанијата со седиште во Шензен смета дека делувањето на лицето со име Ли Јуан наштетило на нејзиниот имиџ, исто како и на погодените странки со случајот. Во соопштението до берзата во Хонг Конг, BYD наведува дека Ли Јуан никогаш не бил вработен во компанијата, ниту пак добил овластување да склучува договори во нејзино име. Полицијата е известена и за постоењето на фалсификуван печат, којшто се користел за божемното заверување на договорите.

byd izmama arsenal

BYD во 2016 година официјално го ангажираше актерот Леонардо Ди Каприо да биде амбасадор на електричните автомобили на компанијата. Во април годинава, кинескиот производител стана официјален автомобилски партнер на англискиот фудбалски клуб Арсенал. BYD се сомнева дека овој договор со клубот може да е една од низата измами на Ли Јуан и на неговите соработници.

byd izmama arsenal
Шери Ли, божемна менаџерка за глобално брендирање и ПР на BYD, на потпишувањето на договорот за спонзорство со Винаи Венкатешам, комерцијален директор на Арсенал, на 21-ви мај годинава

Кинеската компанија го издаде соопштението откако по објавите од повеќе светски влијателни медиуми, вредноста на акциите падна за повеќе од 5 проценти. Најоштетена во целиот овој случај сепак е „третата“ страна, односно докажувањето на провизијата којашто им припаѓа на „потписниците“ на договорите за спонзорство вредни милијарди долари.

BYD е кратенка од Build Your Dreams. Некој дефинитивно имал намера да си ги оствари соништата со лажните спонзорства од кинескиот електро-гигант.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ssangyong Musso

SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

E.go Mobile Life

Електромобил за 16.000 евра стартува со производство во Германија