SsangYong ќе претстави концепт на електричен теренец во Женева

ssangyong e-siv zeneva

Корејскиот специјалист за теренци ќе претстави концептно возило со електричен погон на салонот во Женева. SsangYong e-SIV го прикажува изгледот на следната генерација на Korando.

SsangYong веќе го претставува својот петти концептен автомобил со погон на струја. На салонот во Женева пристига e-SIV, како теренец од компакт класата. Според корејскиот производител, станува збор за стратешки модел кој прикажува како во иднина ќе функционираат електричниот погон, конективноста и автономното возење во моделите на марката.

Кратенката e-SIV доаѓа од Electronic Smart Interface Vehicle. Неколку решенија за поврзување со мобилни уреди и системи за асистенција од концептниот автомобил ќе бидат применети во следните генерации модели на SsangYong.

Дизајнот речиси стопроцентно го прикажува изгледот на новиот Korando. Концептниот теренец е долг 4,46 метри, широк 1,87 и висок 1,63 метар, со меѓуоскино растојание од 2,67 метри. За погон служи електромотор со моќност од 140 киловати, односно 190 КС. Батеријата се полни до 80% за 50 минути, нејзиниот капацитет е доволен за досег до 450 километри. Крајната брзина е ограничена на 150 километри на час.

SsangYong e-SIV е петтиот концептен автомобил со електричен погон од „корејскиот Land Rover“, по KEV1 во 2010, KEV2 (2011), e-XIV (2012) и Tivoli EV-R од салонот во Женева пред две години.

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Париз 2016: SsangYong најавува луксузен теренец

SsangYong Tivoli е големото изненадување меѓу кросоверите

Претходна објаваЕнцо Ферари е роден пред 120 години
Следна објаваPeugeot со џиновска скулптура на лав во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here