Париз 2016: SsangYong најавува луксузен теренец

Корејскиот специјалист за теренци SsangYong на салонот во Париз премиерно го прикажува LIV-2 (Limitless Interface Vehicle). Концептниот автомобил со каросерија долга 4,85 метри го најавува идниот голем теренец од луксузната класа, чијашто премиера треба да следува в година.

За погонот на сериската верзија на LIV-2 ќе биде задолжен 2,2-литарски дизел со 181 КС и 420 њутнметри или нов дволитарски бензинец со 225 КС. Возилото за пред публиката во Париз е конципирано како четирисед со комоција како во клубски салон, располага со систем за самостојно сопирање при опасност од судир и камери за препознавање пешаци на патот, автоматика за долго светло и девет воздушни перници.

SsangYong LIV-2

Мултимедискиот систем со дисплеј од 9,2 инчи во средишната конзола и по еден дисплеј од 10,1 инчи во потпирачите за глава во предните седишта, дополнително овозможува и воспоставување безжично вмрежување за паметен телефон или таблет.

SsangYong LIV-2

Претходна објаваПариз 2016: Електричниот Renault Zoe отсега со досег до 400 километри
Следна објаваПариз 2016: Почнува изборот на светски автомобил на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here