На францускиот производител му се врати самодовербата и тоа треба да се покаже пред светот. На штандот на Peugeot на салонот во Женева ќе се појави џиновска скулптура на лав. На овој начин се одбележуваат 160 години на еден од најпрепознатливите заштитни знаци воопшто.
По долгогодишната криза се враќа оптимизмот во Peugeot. Французите сакаат светот да ја види нивната нова самодоверба. За таа цел, на салонот во Женева во следниот месец ќе се појави џиновска скултура на лавот, заштитниот знак на марката.
Со должина од 12,5 метри и висина од 4,8 метри, пластичниот лав ќе буди стравопочит кај публиката што ќе се најде пред него. Дизајнот е дело на сопственото студио во Париз, кадешто Французите го создаваат глобалниот имиџ на марката. Жил Видал, главниот стилист, коментира: „Новиот лав ги симболизира вредностите на нашата марка – солидноста, моќта и непоколебливоста.“
Со џиновскиот лав изработен од пластика се одбележуваат и 160 години постоење на заштитниот знак на Peugeot. Тој е применет за првпат во 1858 година.
Peugeot го смени шефот во Кина поради слабата продажба
Peugeot ќе произведува мотори во фабриките на Opel
Opel комплетно се префрлува на техниката на Peugeot
Peugeot има нов пикап: Ексклузивно за Африка
















