smart forgigs со озвучување силно колку поголем скутер

Во соработка со JBL произлезе овој студиски автомобил којшто со озвучувањето од близу 6 киловати може секој простор да го претвори во концертна бина.

Секој што возел smart, знае колку ова малечко возило е „големо“ во град. Студијата smart forgigs открива нови квалитети на возилото. Партнерот JBL го претвори Smart City Coupe во најмалечката концертна бина во светот, којашто ќе ја стартува турата низ Европа во текот на летото. Вкупно пет засилувачи произведуваат импресивен притисок на звук до 150 децибели. Три засилувачи од типот JBL GTO 804 EZ се задолжени за високо и среднотонците, два засилувача JBL GTO 751 EZ се грижат за сабвуферите.

Четирите засилувачи од врвна класа од JBL „пумпаат“ 5.720 вати во малечкиот Smart
Четирите засилувачи од врвна класа од JBL „пумпаат“ 5.720 вати во малечкиот Smart

Звукот доаѓа преку четири звучнички сетови JBL GTO 609 C, секој со по два високо и среднотонци. На овие 16 звучници им се придружуваат два моќни баса со пречник од 30 сантиметри. За обработката на музичките сигнали се грижи дигитален процесор на звук од италијанскиот специјалист Mosconi, којшто потоа го испорачува звукот преку осум канали, а преку блутут може да работи и со некомпримирани записи, како wave или flac, а секако и losless и mp3 записи. Сигналите се пренесуваат од преносните уреди преку A2DP, со поддршка за уреди со iOS, Android или Windows.

100 метри кабел и 10 метри квадратни звучна изолација

Дизајнот на видливите компоненти од озвучувањето е дотеран според стилот на Smart. По три среднотонци се вградени во вратите, а четири високотонци се поставени на арматурната табла. Сабвуферите го зафаќаат целиот багажник, придружени со по еден пар среднотонци и високотонци од секоја страна на задниот капак. Десет метри квадратни звучна изолација од алубутил служат за целосна изолација на кабината и на вратите, а под облогите во кабината се сокриени 100 метри кабли за струја, за звучниците и за сигналите. За комплетирање на доживувањето, напред и назад има вградено амбиентално озвучување.

Претходна објаваХипимобилот се престори во тркачки болид со 530 КС
Следна објаваАвтомобилот на Google ќе почне да вози летово

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here