Хипимобилот се престори во тркачки болид со 530 КС

Автомобилите имаат многу флексибилен карактер и тоа се покажува најдобро на примерот на Volkswagen T1. Овој некогашен симбол на хипи движењето, сега е тркач со турбомотор од Porsche.

На традиционалниот годишен собир на GTI покрај езерото Вертер во Австрија се појави една мошне необична креација. Поточно, нејзиното име е повеќе необично. T1 Race Taxi изгледа исто како секое друго педантно реставриранo комби од првата генерација на Volkswagen Transporter, а тоа значи подобро дури и од времето кога ја напуштил фабриката, со големи бандажи и малку приближен до асфалтот. Ако името „Race Taxi“ се однесува на тоа, в ред е. Но, вистинската причина зошто ова комби се нарекува тркачко лежи во опашот.

Старо повеќе од половина век, ова комби постигнува 230 km/h со своите 530 КС од Porsche
Старо повеќе од половина век, ова комби постигнува 230 km/h со своите 530 КС од Porsche

Последните шест години, квалификуваниот каросерист од Швајцарија, Фред Бернхард, ги помина во вградување на шестцилиндарски боксер со воздушно ладење и битурбонатполнење од Porsche 993, заедно со шестстепен мануелен менувач од 996 GT3 во својот Volkswagen Transporter T1 од 1962 година. Тоа се 530 КС со комби старо преку половина век, заедно со вртежен момент од 757њутнметри. Управувањето потекнува од Porsche 993, исто како и сопирачките.

За оваа монструмска моќ да се пренесе на асфалтот помагаат тркачките бандажи од BBS од 18 инчи и гуми со димензија 285/30. Со примена на карбон во неколку подрачја на каросеријата, Бернхард успеа тежината на „Race Taxi“ да ја задржи на поомалку од 1,5 тон и со тоа да постигне сооднос меѓу тежината и силината, со каков што се одликуваат само најголемите спортисти – 3,8 килограми тежат на секој еден киловат моќност на моторот. Тоа е лесна работа за Race Taxi.

Претходна објаваПрактиканти во Volkswagen го создадоа овој Golf со 395 КС
Следна објаваsmart forgigs со озвучување силно колку поголем скутер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here