за

Автомобилот на Google ќе почне да вози летово

Првите прототипи на автомобилот на Google ќе се појават на улиците на калифорнискиот Маунтин Вју веќе во текот на летово. Досега интернет гигантот ја тестираше својата техника во модели на Toyota.

Google ќе го пушти првиот автономен автомобил од сопственото развојно одделение летово. Интернет концернот ги претстави прототипите од малечкиот двосед со погон на струја во минатата година. Сега се најавува завршната фаза од развојот, кога неколку прототипи ќе почнат да возат во секојдневен сообраќај по улиците на Маунтин Вју, каде што е седиштето на Google.

Возилата во моментов имаат вградено отстранливи педали и волан, но во иднина се планира компјутерите целосно да ја преземат контролата над возилото, со што класичните контроли би биле непотребни. Малечките прототипи постигнуваат крајна брзина од 40 километри на час и поради тоа не мора да задоволуваат повисоки безбедносни стандардни, односно во нив не се вградени воздушни перници, заради поедноставуавње на конструкцијата на возилото и намалување на цената.

Единаесет судири, автономните автомобили на Google не предизвикале ниту еден

Google започна со автономните возила уште во 2009 година и досега ја вградуваше техниката во модифицирани модели на Toyota. Според објавените статистики, во меѓувреме се регистрирани единаесет сообраќајни незгоди, но автономниот автомобил на Google во ниту еден случај не бил причина за незгодата. Раните прототипи досега имаат изминато 2,7 милиони километри, од кои 1,6 милион во самостоен модус, без интервенција на возачот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

smart forgigs со озвучување силно колку поголем скутер

BMW M6 тјуниран од G Power со 1.001 коњска сила