за

Škoda Superb Combi со багажник од два метра кубни

5. SKODA SUPERB, продадени примероци 24,362 (+1.3%)

Комби изведбата на чешкиот знаменосец ќе стартува со продажба наесен, со багажник со зафатнина од безмалку два метра кубни. Со комплетирана понуда, Škoda Superb ќе засени многу модели во класата.

Škoda Superb громогласно ја најавуваше револуцијата во новата генерација на знаменосецот Superb. Публиката сепак очекуваше дека од концептниот автомобил VisionC само малку ќе се релизира во серискиот модел. Погрешно очекување. Superb е реалност, купувачите се одушевени, конкурентите изненадени, вклучувајќи ги дури и сестринските марки во концернот Volkswagen. Големиот модел на Чесите стартуваше супериорно во класата на Passat и Mondeo, а сега следува и комби изведбата, којашто на неколку пазари во ЕУ се продава дури и подобро од лимузинската верзија на Superb. Од 2009 година наваму, Чесите продадоа 200.000 примероци од Superb Combi, што претставува повеќе од една третина од вкупната продажба на моделот.

Впетливиот дизајн ја заокружи целината од квалитети на големото чешко комби
Впетливиот дизајн ја заокружи целината од квалитети на големото чешко комби

Skoda ќе мора да измисли нова моделска ознака за комби моделите. Combi е премногу обично за формите што ги прикажува опашот на практичната верзија на Superb. Спортскиот и елегантен изглед на задниот дел не ги потиснува вообичаените квалитети на комби изведбата. Во споредба со претходникот, под задниот капак дури има и за 27 литри повеќе простор, иако должината на каросеријата остана непроменета. Некои малечки автомобили немаат толку простор за товар со соборена задна клупа, колку што Superb Combi има во стандардната конфигурација за пет патници – 660 литри! Уште поимпресивна е максималната вредност. Малку недостига за чешкото комби да има цели два метри кубни простор за товар, и тоа секако е рекорд во класата, со 1.950 литри. Покрај тоа, на задната клупа има уште повеќе простор за нозе во споредба со претходникот и со вредноста од 157 милиметри, Superb нуди двапати повеќе простор за колена на задната клупа од најдобриот конкурент. Во создавањето на просторното чувство учествува и значително зголемената ширина на кабината. Патниците на задната клупа имаат дури 7 сантиметри повеќе ширина кај лактите отколку кај претходникот.

Понудата на мотори не се разликува од лимузината. Продажбата во септември ќе стартува со четири бензинци со моќност меѓу 125 и 180 КС, како и со три дизели во дијапазон од 110 до 190 КС. Со доплата може да се добијат и погон на сите тркала или менувач со двојна спојка. Најслаткото на крај. Со цена на добро моторизирана и опремена моделска изведба од околу 30.000 евра, Skoda Superb Combi е речиси 15.000 евра поевтин од премиум моделите во средната класа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?

Двестотини електрични возила за климатската конференција во Париз