за

Skoda Octavia доби трицилиндарец со 115 КС

По Golf, Leon и A3, трицилиндарскиот TSI со 115 КС ќе се докажува и под хаубата на Skoda Octavia. Новиот мотор во освеженото моделско годиште на Octavia троши 0,3 литар помалку од претходникот.

Трицилиндарскиот TSI постепено ја освојува понудата на модели во компактната класа на сите марки од концернот Volkswagen. Една година по неговата премиера во Golf, штедливецот ќе се докажува и во Skoda Octavia. Моторот 1.0 TSI го заменува досегашниот 1,2-литарски TSI со 110 КС и достапен е во комбинација со шестстепен мануелен менувач или седумстепен менувач со двојна спојка. Во првиот случај, цената на Octavia 1.0 TSI изнесува 14.920 евра, со основното ниво Active, додека во верзијата со менувач DSG цената е 16.980 евра, со истото ниво на опрема.

Разликата во цената во споредба со 1.2 TSI изнесува стотина евра, коишто ќе се надоместат за миг, со фабрички декларираната потрошувачка од 4,5 литри, наспроти 4,8 литри на претходникот. Верзијата на 1,2-литарскиот турбо-бензинец со 85 КС останува како основа на понудата во гамата на Octavia, со цена од 14.120 евра за нивото Active.

Освен во Volkswagen Golf, Seat Leon и отсега во Skoda Octavia, еднолитарскиот TSI со 115 КС работи и во освежената моделска генерација на Audi A3, во новиот спортски теренец Seat Ateca, во мултинаменскиот Caddy, а наскоро и во кросоверот Audi Q2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ја најави новата генерација компактни модели

Швеѓаните го напаѓаат рекордот на Нирбургринг со Koenigsegg One:1