за

Skoda реновира за продажбата да расте

Чешката марка ќе ги реновира 5.300-те дилерства во следните две години. Тие ќе изгледаат посовремено и ќе имаат повеќе простор за зголемената моделска понуда.

Новиот архитектонски стил е дел од стратегијата за раст 2018. Во следните четири години Skoda планира да ја зголеми продажбата на најмалку 1,5 милион возила. Неколку дилерства веќе го применија новиот дизајн. Централни елементи се модерна архитектура, осветлено и добро видливо лого дење и ноќе, како и атрактивни продажни салони со стаклено фасадно чело и централен влез. Доминираат зелената и белата боја, на кои што во внатрешноста им се придружуваат топли тонови на дрво.

Унифицираниот надворешен дизајн опфаќа зелена влезна врата, поставена пред осветлена стаклена фасада, голема рекламна површина покрај вратата и лого на Skoda поставено странично на објектот, како и бела рамка од предната страна на објектот, темносива фасадна облога, нови столбови со логото на марката и името на дилерот, и знамиња. Сервисните подрачја исто така ќе се опремат со дел од новите дизајнерски елементи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кина избра: Класата S на Mercedes е автомобил на годината

Хет трик на Golf: Автомобил на годината во Јапонија