за

Хет трик на Golf: Автомобил на годината во Јапонија

По освојувањето на титулите на европски и светски автомобил на годината, Volkswagen Golf ја освои и третата интернационална награда – Автомобил на годината во Јапонија.

Во 34-годишната историја на изборот ниту еден странски автомобил не успеал да ја победи домашната конкуренција во трката за автомобил на годината во Јапонија – сé досега. Компактот од Волфсбург беше одликуван со престижната титула за време на Салонот во Токио, во чии рамки традиционално се одржува јапонскиот избор.

Во гласањето на 60-членото жири, Golf победи со 504 бодови, пред Honda Fit/Jazz со 373 и Volvo V40 со 167 бодови. Беа потребни шест децении присуство на јапонскиот пазар за Volkswagen да ја освои титулата. Но, чекањето се исплатеше.

Во трите нови категории во изборот што беа воведени во оваа година, победија Mitsubishi Outlander PHEV како најиновативно возило, Mazda Atenza (Mazda6) победи со емотивноста, а заеднички развиените Suzuki Spacia и Mazda Flair Wagon беа одликувани како најдобри малечки возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda реновира за продажбата да расте

Крај за лажните вредности за потрошувачката на гориво?