за

Кина избра: Класата S на Mercedes е автомобил на годината

Изборите од каков било вид се нов поим за Кина. За прв пат во ветената земја за авто производителите се избираа најдобрите автомобили на годината.

Пазарот на автомобили во Кина очигледно им припаѓа на германските премиум марки. На изборот за автомобил на годината што за прв пат се организираше во азиската земја доминираа модели од скапите германски марки. Победник во сите категории е класата S на Mercedes. И во другите две категории победничкиот автомобил има лого на германска марка на маската.

Класата S на Mercedes ги победи Ford Mondeo и Range Rover. За спортски автомобил на годината е избран Porsche 918 Spyder, но и титулата за еколошки автомобил на годината му припадна на Porsche, но за еден друг модел, за Panamera E-Hybrid. Единствен негермански автомобил е Citroen DS5, кој со победата во категоријата дизајн конечно најде пазар каде што купувачите искажуваат симпатија кон францускиот автомобил. За победниците решаваше десетчлено жири од специјализирани новинари за автомобилизам.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најгрдиот автомобил на салонот во Лос Анџелес

Skoda реновира за продажбата да расте