за

Sixt купува 100.000 електрични возила од кинескиот BYD

Зделката со гигантот во рентакар-бизнисот Sixt е посебно важна за BYD, којшто планира со своите електрични автоимобили да биде присутен масовно на европскиот пазар.

Sixt ќе купи повеќе од 100.000 електрични возила од кинескиот производител Sixt, како што предвидува договорот за соработка потпишан од двете компании.

Во првата фаза од соработката, Sixt ќе нарача неколку илјади целосно електрични возила од BYD, којшто се рекламира како најголем производител на возила со електрифициран и електричен погон во светски рамки. Германската компанија за рентакар соопшти дека првите возила ќе им бидат ставени на располагање на корисниците на Sixt веќе во текот на последново тромесечје од 2022 година.

Договорот е проширен со набавка на уште 100.000 електрични возила до 2028 година. Sixt ќе биде првата компанија за рентакар во Европа, што ќе нуди возила од марката BYD. Првиот модел што ќе може да се изнајмува е BYD Atto, целосно електричен СУВ од компакт класата.

Електричните возила на кинескиот производител ќе бидат вклучени во возните паркови на Sixt во Германија, Франција, Холандија и Велика Британија. Дополнително е договорено двата партнери да истражуваат нови можности за соработка во останатите региони во светот.

BYD е во фаза да воспостави помасовно присуство со своите возила во Европа. Компанијата досега има потпишано договори со три големи дилерски групации на европскиот пазар

Компанијата Hedin Mobility ќе дистрибуира возила на BYD во Германија и Шведска, групацијата Louwman ќе го покрива холандскиот пазар со електрични возила, додека за Данска е задолжена Christiansen Group.

Планот на Sixt е возниот парк до 2030 година да се состои од 70 до 90 проценти возила со хибриден или чисто електричен погон. Повеќе марки и модели ќе бидат вклучени во возниот парк.

Симпатично претставување на BYD Atto во Австралија, каде што марката веќе е солидно застапена

Кинески BYD повеќе не произведува автомобили со обичен мотор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia за 11% ја зголемила продажбата во септември

Faurecia доби 213 мио. € од ЕУ за да произведува резервоари за водород