за

Кинески BYD повеќе не произведува автомобили со обичен мотор

Најголемиот производител на електрични автомобили во Кина, BYD, престана да произведува автомобили што во погонот користат само бензински или дизел мотор. Гамата се состои единствено од целосно електрични и приклучни хибридни модели.

Производствената гама на BYD, кусо од Build Your Dreams, отсега ќе се состои единствено од 100% електрични и приклучни хибридни автомобили. Тоа е наведено во соопштението со коешто компанијата ја извести берзата во Хонг Конг.

Мотори со внатрешно согорување и натаму ќе се произведуваат во фабриките на BYD и истите ќе се вградуваат во моделите со приклучен хибриден погон на кинеската компанија. Оттаму сепак нагласуваат дека станува збор за помали мотори со висока ефикасност, коишто ќе работат заедно со електромотор.

BYD е меѓу шесте производители на автомобили, покрај Volvo, Ford, General Motors, Mercedes-Benz и Jaguar Land Rover, коишто потпишаа глобална кампања, за производството на возила со мотори со внатрешно согорување да заврши во 2040 година.

Само во минатиот месец, Build Your Dreams продаде 104.878 возила со електричен и хибриден погон, што е над четирипати повеќе отколку во истиот месец лани, кога биле продадени само 24.218 возила со намалена или нулта емисија на штетни материи. Тоа е највисока месечна продажба на BYD досега. Во вкупната продажба на овие возила, чисто електрични се 53.664 автомобили, приклучни хибриди се 50.674 автомобили и 540 се товарни возила.

Сервисирањето и грижата за возилата со обичен погон продолжува вообичаено.

Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочуениот Форум на Лејкерси стана Форум на Киа

Четири парчиња автомобилска уметност од Mercedes-AMG