Лани во рамките на 24 Часа Нирбургринг беше претставена првата заедничка колекција насловена Capsule Collection на Mercedes-AMG и Palace Skateborards, посветена на мотоспортот. Со новите четири возила, нагласокот е ставен на модерните метрополи и на животот во нив.
Со четири уникатно изработени автомобили, Mercedes-AMG го одбележува почетокот на продажбата на новата колекција скејтборди и наменска облека на британскиот производител Palace Skateboards. Четирите возила тематски се повикуваат на стилот на светските градови Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Токио. Во овие градови воедно се наоѓаат и најпретставителните продвници на Palace. Новата колекција ја следи кампања „Affalterbach to the world“, како иронија на тоа колку градот на AMG е мал споредено со четирите метрополи, но пак е значаен за светот.
Заедничкото меѓу Mercedes-AMG и спортската и стритвер-марка Palace е ексклузивноста и посебниот став кон животот. Заеднички својства се и перформансите и брзината. Лани за почетокот на соработката, на 24 Часа Нирбургринг стартуваше тркачки GT3 на Mercedes‑AMG Team HRT стилизиран од дизајнерите на Palace.
Новата колекција се состои од 23 парчиња облека, вклучувајќи пантоноли, летни маици, јакни, блузони, елеци и капи, коишто главно имаат стил на автомеханичарска облека.
Четирите сериски модели на Mercedes-AMG што послужија како основа за уникатите:
- Mercedes‑AMG A 45 S
- Mercedes‑AMG GT 63 4MATIC+
- Mercedes‑AMG SL 63 4MATIC+
- Mercedes‑AMG G 63
Каросеријата на сите автомобили е лакирана во седум слоеви со ефект на менување на боите. Грбот на AMG и логоата на Palace се поставени на неколку места. Внатрешноста исто така го следи стилот на облеката на Palace.
https://photos.app.goo.gl/W4a2QwfrtfnZusbLA
https://photos.app.goo.gl/rU1cpqxHQyvtkDDZ8
https://photos.app.goo.gl/NFwAMe6TYLW2XsJW6
https://photos.app.goo.gl/KDuDADZCaiKv9aoR8
https://photos.app.goo.gl/gwpJQcgBSaPyafDGA
https://photos.app.goo.gl/k3444nnYdfrYb7az7
https://photos.app.goo.gl/STPSrPEAB4JEMhXz5
Сите модели на Mercedes-AMG што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=mercedes-amg
















