за

Проект-менаџерката за Peugeot 308 унапредена во продукт-директорка во DS

Најмалку е изненадување тоа што Ањес Тесон-Фажет, раководителката за сé околу новиот Peugeot 308, сега добива надлежност над сите модели од премиум-марката DS.

Новата генерација на Peugeot 308 дојде во време што е најмалку благодарно за секој модел под знакот на лавот што не е 208 или 2008. Тие се ѕвезди на сценатa и можеше лесно да се случи Peugeot 308 да остане во нивна сенка. Работа на Ањес Тесон-Фажет беше да го спречи тоа, односно да направи Peugeot 308 да го добие сето внимание што го заслужува една „тристотка“. Менаџерката во иднина ќе раководи со моделите на цела марка, со моделите на DS.

DS Automobiles, марка на групацијата PSA, покрај Peugeot, Citroen и Opel, воедно и марка на концернот Stellantis, добива нова директорка за сите модели во својата понуда. На местото на досегашната продукт директорка Марион Давид доаѓа Ањес Тесон-Фажет, од своето сегашно место на проект менаџерка во Peugeot.

Еден од најновите проекти на Тесон-Фажет е новиот Peugeot 308, модел што пристигна на сцената со многу иновации, изненадувања, и најважно, модел што сцената го поздрави со масовна одушевеност.

Француската менаџерка ја започнала својата работа во Peugeot во 1996 година, по дипломирањето на факултетот за бизнис HEC. Во следниот период, Тесон-Фажет беше ангажирана во марката Peugeot во регионот на Азија, вклучувајќи и позиции во финансиите во Јапонија и во Јужна Кореја.

Во 2009 година, следи преоѓање во секторот на маркетинг, прво како маркет-менаџерка за Русија, Украина и Индија. Французинката е задолжена за проект менаџерка за Peugeot 2008 во 2012 година. Во 2016 година, започнува и нејзината работа акко проект менаџерка за генерацијата на Peugeot 308, што својата премиера ја имаше во минатата година.

Тесон-Фажет ќе биде одговорна пред извршната директорка на DS Automobiles, госпоѓа Беатрис Фоуше.

DS е премиум марка на Stellantis, покрај Lancia и Alfa Romeo. Триото беше создадено во јануари 2021 година, по соединувањето на PSA Group и Fiat Chrysler Automobiles. Трите марки во иднина ќе користат заедничка техника и ресурси.

Давид беше назначена за заменичка претседателка за моделската понуда на DS во 2018 година. Таа беше проект менаџерка за Peugeot 3008 и 5008.

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Сите модели на Peugeot што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=peugeot

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четири парчиња автомобилска уметност од Mercedes-AMG

Германија нема доволно знаци за да воведе ограничување на брзината