Германија нема доволно знаци за да воведе ограничување на брзината

Новиот аргумент против воведувањето ограничување на брзината во земјата на аутобанот носи комична нота. Германскиот сојузен министер за сообраќај Фолкер Висинг вели дека мерката не може да се воведе, поради проблеми со логистиката.

Ново поглавје во борбата на Германија да воведе (или да не воведе) ограничување на брзината, за од една страна да се намали националната потрошувачка на гориво и да се смали зависноста од увоз, а од друга страна да има и повеќе корист за животната средина. Министерот за сообраќај Фолкер Висинг, во изјава за Хамбургер Моргенпост: „Мора да се постават соодветни знаци, ако тоа го правиме за три месеци, и истите потоа да се отстранат повторно. Немаме толку знаци на располагање.“

Министерот Висинг е против предлогот за брзинското ограничување да биде со привремена важност. За трајна регулатива, за којашто нема да биде потребно да се поставуваат дополнителни знаци, како што тоа е случај во останатите држави членки на ЕУ, проблем е тоа што нема мнозинство во владејачката коалиција. „Општеството се разединува околу тој проблем“.

Претседателката на Зелените, Рикарда Ланг, пред викендот предложила привремено брзинско ограничување. Германската политичарка цени дека не постои мерка со којашто може да се постигне моментно завршување на зависноста од нафтата: „Бидејќи не постојат мерки, што делуваат брзо, сега ни е потребно привремено брзинско ограничување на аутобаните – на пример, на период од девет месеци, односно до крајот на годината, значи крајниот рок до којшто сакаме да се ослободиме од руската нафта.“

https://twitter.com/BenJoWe/status/1511317193694363649?s=20&t=21qEBxbBUJYnRdI9A0T3Jw

Слободната Демократска Партија (ФДП) остро се противи на воведувањето лимит. Во кризата поради корона пандемијата и војната во Украина нема време за идеолошки дебати, изјавил шефот на партијата и сојузен министер за финансии Кристијан Линднер.

Според Сојузната агенција за животна средина, типично возило при брзина од 90 km/h на истиот пат троши 23% помалку гориво отколку возило со брзина од 110 km/h. Во Холандија од 2020 година важи темпо 100 дење, додека ноќе на одредени делници смее да се вози со темпо 130. Во Белгија на повеќето делници од крајот на март се вози најбрзо 90 km/h дење. Причина за тоа е загаденоста на воздухот.

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Претходна објаваПроект-менаџерката за Peugeot 308 унапредена во продукт-директорка во DS
Следна објаваВо само 40 примероци за цела Европа: Lexus LC Hokkaido Edition

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here