за

Во само 40 примероци за цела Европа: Lexus LC Hokkaido Edition

Ексклузивната серија од најексклузивниот модел на Lexus, именувана е според јапонскиот вулкански остров Хокаидо.

Lexus ја прославува татковината. Новото моделско годиште на купе и кабриолетот LC доаѓаат во крајно ограничена Hokkaido Edition. На вулканскиот остров на Северот на Јачонија се наоѓа патеката Шибецу на којашто тестира Lexus. Таму се развиваше и Lexus LC од страна на такуми-мајсторите за возење.

Европскиот пазар ќе добие само 40 примероци од LC Coupé и LC Cabriolet, во специјалната серија Hokkaido Edition. Каросеријата може да се нарача во вулкански црвена, иридиум сребрена, фуџи бела и графитно црна боја. Кабриолетот има екстра опција за покрив во индиго црвена боја. Ексклузивни се и кованите тркала од 21 инчи, со дизајн со двојни краци и делумно полирани. Надворешниот изглед го заокружуваат црни украсни елементи на пакетот Blackline.

Целата приказна за Hokkaido Edition е во контрастите: Огнена динамика од една страна и опуштено крстосување од друга страна. На страната на возачот ставаат нагласок индиго црвени акценти, имитирајќи ја активноста на вулканите на островот, додека од совозачката страна сé е во смирувачки црни тонови. Хокаидо е познат по скектакуларните планински патеки, но и како цел за активно патување и велнес.

New item by Automedia MK / Google Photos

Погонот во Lexus LC 500h е хибриден, во комбинација од 3,5-литарски V6 и електромотор, со системски 359 КС. Во моделската изведба LC 500 работи високотуражен 5,0-литарски V8 со 464 КС. Двете варијанти се пример за Lexus Driving Signature – што значи рамномерно забрзување и прецизна управливост, точно според возачот.

Цената за Lexus LC Coupe во изведбата Hokkaido Edition во Германија почнува од € 118.150, додека LC Cabriolet стартува од € 132.150.

Првпат клиентите можат своите Lexus LC или LC Cabriolet да ги опремат посебно, преку програмата за изработка по нарачка. Секое возило се израсботува по мерка од тим од такуми занаетчии во Мотомачи. Може да се избираат опрема и бои според личниот стил на живот и вкус. Во соработка со јапонскиот пилот во уметничко летање Јошихиде Муроја се изработува специјален заден спојлер од карбон. Овие модели добиваат посебна плочка за ексклузивност во средишната конзола.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Што е толку необично во сината боја на Lexus LC?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија нема доволно знаци за да воведе ограничување на брзината

Mitsubishi Colt повторно во Европа од следната година