за

Mitsubishi Colt повторно во Европа од следната година

Тој е моделот што ја донесе во градското секојдневие марката со Lancer Evo и Pajero. Од следната година Mitsubishi Colt се враќа во европските салони.

Mitsubishi веќе го најавува вториот нов модел за Европа, што е развиен врз платформата CMF-B на алијансата со Renault и Nissan. Во класата на Yaris и 208 од следната есен ќе вози нова генерација на Mitsubishi Colt.

Новиот модел ќе стартува со продажба во Европа во следната есен, со техника од Clio и Micra, позициониран како автомобил од градската класа. Исто како кај францускиот модел, новиот Mitsubishi Colt ќе се нуди и во изведба со хибриден погон, како и со низа напредни системи за асистенција и поврзување.

Најавата за враќањето на моделското име Colt се совпаѓа со одбележувањето на 60-годишнината од првата генерација на моделот. Новиот Colt ќе донесе значајно зајакнување во присуството на Mitsubishi на европскиот пазар, во најважниот и најпродаван автомобилски сегмент на континентот. 

Mitsubishi Motors Europe го враќа Colt во европскиот Б-сегмент по отсуство од близу 10 години

Новиот Colt ќе се придружи на постоечката моделска постава на марката, покрај Space Star, неодамна најавениот нов ASX и Eclipse Cross во изведба со приклучен хибриден погон.

Првиот Colt беше претставен во 1962 година и моделот низ годините прерасна во еден од најпрепознатливите автомобили во понудата на Mitsubishi во светски рамки. За штедливиот и солиден модел се отвори широк пазар во САД кон крајот на 1970-те години, во времето по големата нафтена криза.

Моделот од претходната генерација се произведуваше во Европа и постигна продажба од 403.957 примероци во периодот меѓу 2004 и 2014 година.

Се најавуваат повеќе нивоа на опрема, најсовремена технологија и разновидна понуда од погонски единици. Mitsubishi Colt ќе се произведува во фабриката на Renault во Бурза, Турција. Исто како следната генерација на ASX, новиот Colt ќе ја користи платформата CMF-B, позната од тековните Clio и Micra.

Досегашните генерации на Mitsubishi Colt:

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Mitsubishi доби нов шеф за Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во само 40 примероци за цела Европа: Lexus LC Hokkaido Edition

Tesla е најрентабилен производител на автомобили во светот