Mitsubishi доби нов шеф за Европа

Нов претседател и прв човек на Mitsibishi Motors во Европа е Франк Крол, 46-годишен дипломиран машински инженер, кој работи подолго од 20 години за компанијата. Холанѓанецот ја започнал кариерата во 1999 година и оттогаш има извршувано најразлични позиции во менаџментот на продукти и во сервисирањето.

Новиот шеф на Mitsibishi Motors во Европа, Франк Крол, доаѓа од позицијата на директор на продажба во Mitsubishi Motors Europe, по три години на таа функција. Претходно, во периодот меѓу 2012 и 2015 година, Крол бол генерален директор за продажба во холандскиот огранок на марката со трите дијаманти во знакот.

Холанѓанецот цени дека неговото назначување на врвната функција претставува чест и дека добива можност да раководи со MME во време кога компаниајта се подготвува да започне возбудливо ново поглавје во Европа. „Поради одличното реноме и симпатиите што регионот ги има кон марката Mitsubishi Motors од прва рака, имаме цврста подлога врз којашто ќе можеме да градиме силна иднина за Mitsubishi Motors во Европа – почнувајчи од неодамна воведениот Eclipse Cross PHEV, до новите модели, што Renault ќе ги произведува за Mitsubishi, врз платформите на алијансата.

Досегашниот вршител на оваа функција, Ерик Вепиер, реши на 1-ви јули да си замине од компанијата. Тој го презеде шефувањето во јануари 2020 година, со задача да ја зајакне и прошири водечката позиција на Mitsubishi Motors во Европа, во стратешки важниот сегмент на СУВ-модели со електрифицирана погонска спрега. Вепиер успеа во исклучително предизвикувачки услови на пандемија, да ја задржи водечката позиција на Outlander PHEV во сегментот на СУВ-модели со приклучен хибриден погон, но и да го воведе Eclipse Cross PHEV, заедно со моделското освежување на популарниот модел.

Во изминатиов период, MMC ги презеде структурните промени коишто беа предвидени со реализацијата на среднорочниот план на компанијата.

>>> Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Претходна објаваНарачка по руски стандарди: 100 примероци Mercedes Arocs
Следна објаваVolvo самостојно ќе развива софтвер за своите возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here