Престижната марка на Toyota има уште една нова технологија за гордеење, а тоа не е ниту во погонот ниту во интелигентните системи. Оваа сина боја на Lexus LC не е обична сина боја, туку е производ на нова технологија што создава единствен ефект.
Неверојатно со што сé може да се занимаваат експертите во Lexus да го оправдаат премиум имиџот на својата марка. Специјален тим ја проучуваше структурата на крилата на сините морфо пеперутки со цел истиот ефект да го постигнат во автомобилскиот лак. Новата боја се нарекува структурно сина и се одликува со подлабок, понтензивен и „повеќе син“ од што било досега.
Дури и лимитирана серија Lexus LC Structural Blue за промоција на новата боја
Lexus ја искористи бојата уште на салонот во Женева во 2016 година, за дополнително да го привлече вниманието кон новото луксузно купе LC. Структурно сината боја сега може да се нарача кај LC. По овој повод е пуштена и лимитирана серија LC Structural Blue Edition.
#Lexus to launch the #LC #Structural Blue Edition on sale in Europe from December '17. https://t.co/XwecdQIVZz pic.twitter.com/gziy4NITIq
— Lexus News Europe (@Lexus_EU) October 10, 2017
Во почетокот, тимот можел да го постигне ефектот на пеперутката од американските континенти единствено при нанесување на пигментот во 40 слоеви. Подоцна, овој број е смален на седум, што веќе е изводливо во производството на ексклузивни модели.
https://www.youtube.com/watch?v=HPzhcYzD6EI
За изработка на пигментот се потребни осум месеци, 12 производствени процеси и 20 проверки на квалитетот. Конечниот слој пигмент, меѓу основната боја и завршниот проѕирен лак, има дебелина од само 15 микрометри. Нано-честичките се тие што создаваат ефект на боја што постојано се менува според светлината. Наспроти обичните пигменти со рефлексија од 50%, структурната сина постигнува речиси 100%. Lexus LC носи 300 грама пигмент, со вкупно 300 милијарди честички пигмент. Поради екстремно сложената постапка, само по две возила со структурна сина боја може да се изработуваат на ден во фабриката во Мотомачи. За една година, тоа би биле околу 500 возила. Тоа е двојна ексклузивност.
















