за

Луксузното суперкупе на Lexus стартува од 100.000 евра

Во Toyota се чини дека часовникот одбројува побрзо. Тоа што престижната марка Lexus го претстави како концептен автомобил пред пет години, сега е сериски автомобил и веќе може да се нарача. Lexus LC ќе се изработува во истата фабрика од којашто излегуваше легендарниот LFA.

Визијата на Lexus станува реалност, концептниот автомобил LF-LC од салонот во Детроит пред пет години, отсега е сериски автомобил. Бескомпромисно конструираното купе Lexus LC може да се нарача кај дилерите, исто како останатите модели на престижната марка на Toyota. Цената на германскиот пазар за основната верзија на моделот изнесува 99.200 евра. Хибридна верзија не недостига ниту кај овој гран-туризмо на рамниште со купето од класата S на Mercedes.

За погонот на скапоцениот четирисед во верзијата LC 500 се грижи познатиот петлитарски V8 со моќност од 477 КС и вртежен момент од 527 њутнметри. За преносот на сила до задната оска е задолжен нов автоматски менувач со десет степени и со екстремно куса промена на степените. Спринтот до сто трае 4,5 секунди.

Der neue Lexus LC ist ab sofort bestellbar und wird ab Mitte August im Handel eintreffen….

Posted by Lexus on Saturday, April 29, 2017

Во хибридната изведба LC 500h заеднички работат 3,6-литарски V6 со 179 КС и електромотор – вкупно 359 КС и 348 њутнметри. Ова е првиот модел во когошто Lexus го вградува новиот „повеќестепен хибриден погон“. Техничарите ветуваат подобрено ослободување на моќноста во целиот брзински спектар и подиректна реакција на командите на возачот. Погонската спрега ја заокружува повеќестепен автоматски менувач, со симулирани 10 степени на пренос. Тоа според Lexus обезбедува ново чувство во возењето, коешто произлегува од повисокиот вртежен момент, поголемата искористлива моќност во пошироко брзинско подрачје и линеарно забрзување.

Сите моделски изведби на LC доаѓаат со Lexus Safety System+, како целосен пакет од активни системи за асистенција. Камера и радар го надгледуваат патот пред возилото и препознаваат опасност на патот. На тоа се надоврзуваат систем за самостојно запирање при опасност од судир, радарски темпомат, следење лента со надгледување на мртвите агли, систем за препознавање замор, автоматско долго светло и камера за сообраќајни знаци.

Lexus LC се произведува во фабриката „мотомачи“, кадешто претходно се изработуваше и легендарниот LFA. Тие што ги имаат посетено овие погони на Lexus во Јапонија, повеќе ги споредуваат со работилница за изработка на болиди од формула 1, отколку со фабрика за „обични“ автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првиот техничар на Daimler: „За десет години ќе има електрични автомобили за 10.000 евра“

Opis

Volkswagen со нов мотор на метан, микрохибрид и функција „едрење“