Регистрирана официјално како домашен производител со седиште во Калифорнија, Kia America доби право да го користи името и да биде официјален автомобилски партнер на арената во Инглвуд, којашто денес е во функција на концертна и забавна хала.
Концерти и настани поврзани со најголемите имиња во музичкиот и забавниот свет, доделувања награди, бокс мечеви, комбинирани боречки вештини, многу важни настани што досега се одржуваа во Форум, сега ќе се одржуваат во Киа Форум. Изграден пред 55 години и познат како архитектонско чудо поради целосното отсуство на внатрешни столбови, Форумот во 2014 година доби статус на заштитен објект од историско значење и во 2021 година беше именуван за „Арена на деценијата“ во рамките на Pollstar Awards”.
Преименувањето во Киа Форум е уште еден чекор во насока на трансформацијата на Киа во САД, којашто беше забрзана лани со дебито на електричниот кросовер EV6, и со воведувањето на стратегијата наречена Plan S, односно Plan Shift. Во амбициозната програма што предвидува 25 милијарди долари ќе бидат претставени 11 електрични возила на светскиот пазар до 2026 година.
The world-famous Forum is now the Kia Forum. Come see legends of today and tomorrow perform. @thekiaforum #KiaForum pic.twitter.com/jEPkvg8kWk
— Kia America (@Kia) April 4, 2022
Шпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“